Гинеколози во некои градови од внатрешноста незаконски им наплаќале прегледи на жени од социјално загрозени семејства и од Ромската популација.
Гинеколог од Прилеп кој го раскинал договор со Фондот за здравство без да ги извести пациентките им земал од 1.000 до 2.000 денари за преглед, а на тие што немале да платат им ги задржувал здравствениете книшки.
Во прилогот, погледнете и каква опасност за себе и околината се луѓето што немаат единствен матичен и документи за идентификација, а државата не е заинтересирана да го реши проблемот, кој е особено горлив во Источна Македонија.