Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скандал: Токсичен отпад фрлен на границата со Македонија

0
By Нова ТВ on July 16, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Шлепери со отровни материи кои предизикуваат леукемија завршиле на територија меѓу Србија и Македонија, како и во близина на пристаништето во Риека пишува српскиот портал Вестинет.

Најмалку 2000 тони токсичен отпад од Србија требало да биде однесен во Кина преку Хрватска, Грција и Романија но не се знае каде завршил.

Во тек е истрага во кои се вклучени и служби од регионот бидејќи постои сомнеж дека отпадот воопшто не стигнал до крајната цел, туку дека фирмата „Про -Пласт“од Сремска Митровица нелегално го фрлила во овие држави.

Според пишувањето на Вестинет и српски Курир, најмалку 300 тони од овој опасен отпад се наоѓа во Србија. Акцијата ја води Царинската управа во соработка со Министерството за енергетика и животна средина.

Од таму потврдиле дека контингентите со отровниот отпад тргнале кон пристаништата во Риека и Солун и дека со тоа е загрозен регионот.

-Се сомневаме дека отпадот воопшто не стигнал во Кина бидејќи транспортот до таму е многу скап. Од друга страна кинезите таму сигурно би направиле анализа при што ќе откријат дека не се работи за цинк оксид, како што пишува на декларацијата, туку за многу токсичен отпад полн со олово,цинк, кадмиум кој лесно се пренесува со ветерот и се раствара во вода и земја тврдат извори за Вестинет во ресорното министерство.

Од таму се сомневаат дека дури четири шлепери со овој опасен отров се расфрлани на територијата меѓу Србија и Македонија, а одредена количина завршила во Јадранско Море.

Српската царина со анализа успеала да утврди дека не се работи за цинк оксид како што пишува на декларацијата, односно дека го има само 30 проценти во отпадот, а се останато се токсични материи.

-Зошто нешто да продавате за 28 долари за тон, како што пријавува „Про-Пласт“ кога цената на цинк оксидот е 1800 долари тврдат во Министертвото за екологија за српскиот портал.

Фирмата „Про-Пласт“ имала дозвола за да ги складира токсичните материи од стопеното железо во челичаната „Сирмиум Стил“ но, не можела да добие дозвола за да го извезува и така опасниот отпад на хартија станал цинк оксид.

Од Министерството за екологија на Србија признаваат дека е откриена потенцијална еколошка катастрофа и најавуваат дека ќе ги контролираат и другите фирми кои се занимаваат со складирање на отпад.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.