Нестле, најголемата светска компанија за храна, го отстрани тестенините со говедско од продавниците во Италија и Шпанија откако тестовите открија траги од ДНК на коњско месо.
Се работи за два продукти од паста- Буитони равили со говедско и Говедски тортелини.
Фирмата која е со седиште во Швајцарија фирма го прекина дотурот на производи кои содржат месо а кои ги снабдува од Германија.
Нестле е најновата во серијата на големи производители на храна во која се наоѓаат траги од коњско место во јадења од говедско.
Портпаролот на компанијата изјави дека нивоата на ДНК од коњ биле многу ниски, но сепак над 1%.
Минатата недела фирмата соопшти дека нејзините производи не содржат коњско.