Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје: „ХЕМА ОНКО“ – Недостига дел од терапијата

0
By Zoran Ivanov on October 4, 2025 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се снаоѓаме или купуваме приватно лекови. За жал мораме да ги набавуваме во Србија или во Косово, се снаоѓаме како знаеме и умееме или меѓу нас пациентите на некого ако останало терапија или таа не ја прима во моментот, па се разменуваме, раскажува Анжелика Колева, онколошки пациент.

Макотрпно е во секој случај, затоа што е неизвесно дали ја има некој или дали може да ја набави или не. Конкретно мојот лек го немаше два месеца по аптеките. За кој лек станува збор? – За летрасан. Го имаше од друга фирма, но мене не ми одговара на организмот, значи мора да го примам летрасанот, вели Колева.

Таа пред пет години завршила со хемотерапиите и во моментов е на таблетарна терапија. Вели дека за среќа, терапијата која во моментов ја прима ја има, но не редовно, затоа што има периоди во кои истата терапија ја нема два до три месеци. Тоа е случај со дел од таблетарната и дел од биолошката терапија, нагласува Колева.

Според првиот човек на Фондот за здравство, Сашо Клековски биолошката терапија ја има. И од самиот почеток со префрлање на лековите летрозол и анастрозол од болничка на позитивна листа во аптеките ги има. Станува збор за генерички лекови од кои има четири бренда регистрирани во Македонија, додава тој.

Да почнам од првото, најодговорно тврдам дека недостиг на биолошка терапија нема. Има недостиг на два лека кои се генерички лекови кои сè уште се издаваат на Клиниката за онкологија, за едниот лек производителот од Турција немаше достава, од понеделник треба да го има на Клиниката за онкологија, а вториот лек е во одреден период во дефектура исто производствена, меѓутоа има соодветна замена на клиникта, изјави Сашо Клековски, директор на ФЗОМ.

Проблемот е што некогаш лекот е навистина евтин и бидејќи бизнисот е важен кога се фармакомпаниите на пазарот дали имаат интерес да го набавуваат тој лек или не. Некогаш имаме и такви проблеми, иако тендерот е објавен, постои тендерската постапка, меѓутоа никој не се пријавува да го добави лекот, рече Милица Кузмановска од „ХЕМА ОНКО.

Дополнителен проблем, според Клековски, во иднина ќе биде недостигот на генерички лекови, не на биолошките, затоа што цените се многу паднати на тие лекови и некои дистрибутери не гледаат интерес во нивна дистрибуција. Затоа се разговора со производителите дека не може само да се преговара за палета лекови во која имаат добивка, вели Клековски, туку заедно со другите производи да се обезбедат и оние каде што добивката не е толку голема.

дојка Онкологија Рак
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.