Published: Sunday, December 28, 2025 18:58
На плоштадот Македонија се одржа 11-тата дедомразовска трка, која традиционално пред Нова година се одржува во ценатарот на Скопје.
Оваа година трката забележа рекордно учество со над 800 натпреварувачи од сите делови на Македонија. Највозрасниот учесник имаше 73 години, а најмладите беа бебиња помали од една година, кои заедно со своите родители ја почувствуваа веселата новогодишна атмосфера. Стартот и целта беа на плоштадот „Македонија“, а патеката долга околу 2 километри низ центарот на градот, можеше да се помине со трчање или со одење, а некои до целта стигнаа туркајќи колички за бебиња.



