Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопјани пријавиле 349 осигурани штети од силното невреме, имотот на „Ист Гејт Мол“ осигуран со франшиза од 100.000 евра

0
By Sashko on September 15, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Агенција за супервизија на осигурување (АСО) денеска соопшти дека скопјани пријавиле 349 осигурани штети од силното невреме што го зафати Скопје на 30 август годинава, додека имотот на „Ист Гејт Мол“ е осигуран со франшиза од 100.000 евра.

Граѓани и фирми од Скопје пријавиле осигурани штети во сите 11 осигурителни компании. Активно осигурување на имот имаат речиси 51.000 скопјани, а 215 од нив пријавиле штети во силното невреме што на крај на август го зафати централното градско подрачје. Од сите 349 штети во една осигурителна компанија се пријавени дури 117. Од сите пријавени штети поголем број, односно 215, се врз имот осигуран од физички лица.

Компании и други правни лица со седиште во Скопје пријавиле 134 штети врз имотот како последица од незапамтеното силно невреме во главниот град, покажуваат податоците кои Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ги обезбеди од сите 11 компании за неживотно осигурување.

Најголемиот број на пријавени штети врз осигуран имот во една компанија изнесува 117 од кои 97 се штети врз имот на физички лица.

Заклучно со крајот на август годинава има 67.420 активни договори за осигурување имот на територијата на Град Скопје кои со осигурителните компании ги склучиле граѓани и компании.

Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, чии објекти претпреа значајна јавно видлива штета, го осигурал имотот кај една од компаниите и договорот е склучен со франшиза од 100.000 евра. Франшизата значи дека двете страни се согласни осигурителната компанија да покрие само штети поголеми од 100.000 евра, а осигуреникот сам да покрие штета доколку нејзината вредност е пониска или иста со износот утврден со франшизата.

Воедно овој трговски центар има осигурување и од професионална одговорност, а полиси за осигурување имот имаат и одреден број закупци на деловни единици, информираа од осигурителните компании.

Од Агенција за супервизија на осигурување објаснуваат зошто е важно да се осигура имотот, што опфаќа и на што треба да се внимава. Осигурувањето на имотот, како што се посочуваат, нуди можност за мал износ вложени средства (т.н. премија) што ги плаќа сопственикот на имот, осигурителната компанија да го превземе ризикот и да исплати штета врз имотот доколку се случи штетен настан осигуран и дефиниран во договорот за осигурување.

При склучување на договорот за осигурување, треба да се внимава осигурената сума да биде соодветна на вредноста на осигурениот имот. Доколку настане штета, а ризикот е осигуран друштвото за осигурување има обврска да исплати надомест во висина на претрпената штета.

Имотот на домаќинствата и правните субјекти најчесто е изложен на ризици од: пожари, поплави, земјотреси, удари од гром, луња (многу силен ветар) експлозии, кражби, излевања од водоводна, канализациска и топлинска мрежа и други можни оштетувања на имот.

АСО особено препорачува сите осигуреници, пред да купат полиса за осигурување, со внимание да ги прочитаат Исклучоците од осигурувањето кои ги дефинираат ризиците не се покриени и за нив не следува обештетување.

Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) е независно регулаторно тело кое го регулира пазарот за осигурување, врши надзор над работата на осигурителните субјекти, се грижи за заштита на правата на осигурениците и придонесува за финансиска едукација и вклученост на населението.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025

Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници

September 6, 2025

УНИЦЕФ: Детството не може да опстане во Газа

September 5, 2025

Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници

September 5, 2025

Криминална организација во Грција шверцувала и продавала разредено гориво – дистрибуирани над 1,34 милиони литри

September 4, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

„Правда за жртвите” – масовен протест во Атина за железничката несреќа кај Темпи

September 6, 2025

Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници

September 6, 2025

УНИЦЕФ: Детството не може да опстане во Газа

September 5, 2025

Турските власти минатата година блокирале над 311.000 Интернет страници

September 5, 2025

Криминална организација во Грција шверцувала и продавала разредено гориво – дистрибуирани над 1,34 милиони литри

September 4, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.