Скопје 2014 се “проширува” на екстериторијални површини
Нова верзија на статуата на Прометеј вчера се исправи во дворот на резиденцијата на амбасадата на Кралството Шведска. Амбасадорот Ларс Вахлунд живата статуа на Прометеј ја презентираше пред гостите на приемот организиран по повод националниот ден на Кралството Шведска.
Амбасадорот Вахлунд кој наскоро заминува од Скопје на нов амбасадорки мандат во Анкара рече дека со тешко срце ја напушта Македонија и сака да остави нешто зад него пред да замине.
Прометеј во резиденцијата на амбасадорот на Шведска не е гол, има пелени на себе, а во раката, место факел, држи големо шише скопско пиво.
Скулптурата беше жив човек кој на лицето стави маска со ликот на амбасадорот Вахлунд.