На крстосницата пред Зоолошката градина во Скопје се собраа граѓани на протест за да испратат порака дека безбедноста е на многу ниско ниво и дека тоа мора да се промени.
Протестот го организираше групата „Кој е следен?“ оформена по смртта на Фросина Кулакова која беше прегазена од страна на Васил Јованов. Главната порака која беше испратена од протестот е дека безбедноста не е прашање на избор, туку неопходност.
Со затворање на раскрсницата пред Зоолошката градина, се обединуваме со пошироката и стручна јавност и испраќаме недвосмислена порака – безбедноста во нашите градови не е прашање на избор, туку неопходност. Постојат конкретни и изводливи решенија за создавање поуреден, безбеден и функционален урбан простор. Време е сите заедно, како општество, да застанеме зад мерки што ќе гарантираат долгорочна сигурност во нашите домови и на улиците каде што живееме, работиме и се движиме секојдневно, стои во соопштението на групата.