Граѓаните денеска повторно излегоа на протест, барајќи правда за трагично загинатата Фросина. Демонстрантите маршираа од Универзална сала, преку Собранието и Обвинителството, сè до Кривичниот суд, каде што со „крвави раце“ оставија белег пред зградата.
Сакаме правда, сакаме правда. Бараме одговорност, бараме одговорност!, извикуваа насобраните, додека одекнуваа повиците за казна за возачот.
Во меѓувреме, граѓански собир се одржа и во Неготино, каде што семејството и поддржувачите на Фросина побараа правда.
Имаме ли неказнивост, се соочуваме со тотален распад во општеството и последиците ги живеат децата, изјави Тодор Кулаков, татко на Фросина.
Возачот, кој ја предизвика несреќата, бил под дејство на алкохол, возел со 130 километри на час, без возачка дозвола, а во неговото досие стојат и претходни сообраќајни прекршоци, како и судење за поседување и продажба на наркотици, односно мархуана и кокаин.
Демонстрантите порачаа дека нема да запрат сè додека не се донесе праведна пресуда.