Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека утре и задутре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателката на Словачка, Сузана Чапутова.
На 08.09.2022 (четврток) и 09.09.2022 (петок) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува и претседателот на Италија, Серџо Матарела.
Од тие причини, соопштија од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.