Оддадовме почит на жртвите од катастрофалниот земјотрес кој пред 62 години главниот град го остави во урнатини, напиша Арсовска на социјалните мрежи.
Скопје се сеќава на 26 јули 1963 година, ден кој засекогаш го промени ликот на градот, трагедија која одзеде над илјада животи. Никогаш да не се повтори! Овој ден е симбол на тага, но и одраз на човечноста и хуманоста во најтешките моменти.
Во рамки на одбележувањето, вечерва во 20:00 часот во Музејот на Град Скопје ќе биде отворена изложбата „Скопје за време на земјотресот и потоа“.