Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопски џез фестивал: Комисијата работела неправилно и со нееднаков третман

0
By Нова ТВ on February 8, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Министерството за култура одлучилe дека реномираниот Скопски џез фестивал оваа година нема да добие државни пари. Покрај Скопскиот џез фестивал, пари нема да добие ни Оф-фест, а и буџетот за Таксират е видно намален.

Најмногу пари годинава од музичката сфера има добиено Здружението „Артал“ од Тетово, 3,5 милиони денари или 56 илјади евра за фестивал „Меридианс“ и за концерт „Класик и рок мјузик“, додека „Таксират“ доби само 500 илјади денари, иако барале 6 милиони.

За одржување на познатиот Џез-фестивал Куманово одобрени се само 200 илјади денари, а наспроти ова, Џез-фест Тетово добива 1,5 милиони денари.

Од Скопскиот џез фестивал реагираат на објавувањето на резултатите од Конкурсот за проекти од национален интерес на Министерството за култура за 2019 година.

-По објавувањето на резултатите од конкурсот по Годишната програма на Министерството за култура во кои се исфрлени манифестациите OFFest и Скопски џез фестивал, со горчив вкус но не и премногу изненадени, имајќи ги предвид состојбите во Министерството за култура, ни останува единствено можноста да вложиме жалба, покрај крајната опција за укинување на двата фестивала.

Ќе бараме преиспитување на одлуката на министерот, кој според Законот за култура ги донесува одлуките за Годишната програма, и изземање на комисијата за музичко-сценска дејност.

Според нашите сознанија, комисијата работела неправилно, незаконски и со нееднаков третман на нашите апликации во однос на другите. За ова благовремено, по писмен пат, му укажавме на министерот за култура, во текот на постапката на одлучување по конкурсот. Остануваме слободни нашето укажување до министерот за работата на комисијата дополнително да го доставиме до јавноста – велат од Скопски џез фестивал.

Претседатели на комисиите кои ги разгледуваа пристигнатите пријави по одделни дејности се: Леонора Сејдиу (интердисциплинарна дејност), Плеурат Гаши (фолклор, музичко-сценска дејност), Бертон Сулејмани (издавачка дејност), Петар Арсовски (драмска дејност), Трајче Блажевски (визуелни уметности), Миле Велчовски (недвижно културно наследство), Мила Шурбановска (музејска дејност и нематеријално културно наследство), Вилдане Идризи (библиотечна дејност).

На резултатите од Конкурсот на Министерството за култура реагираат и од продукцијата Аволон.

-Не можам да кажам дека сум изненаден, туку едноставно сум шокиран како ова не е препознаено од Министерството за култура кое нема никаква друга работа, туку да препознава и да поддржува вакви идеи. За останатите чекори коишто ќе ги превземеме, ќе бидете благовремено известени кога ние ќе добиеме официјално известување како тоа Министерството за култура смета дека на државата не и` се потребни концертите на Sting, Lenny Kravitz, Hooverphonic, Eros Ramazzotti, Tom Odell, Горан Бреговиќ, Ohrid Calling  – вели Бобан Милошески од Аволон.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.