Ламбе Алабакоски, со песната “Ќе те чекам јас”, победи на годинешниот Скопски фестивал, со 124 гласа добиени со смс -гласање на публиката и гледачите, тој ја освои првата награда и 1.200.000 денари.
Второ место, со освоени 89 гласа, и припадна на Тамара Тодевска со песната “Тешко без тебе”. Награда за второ место изнесува 10.000 евра.
Трет, според гласовите на публиката, беше Димитар Андоновски со песната “Ако ме боли”.
Наградата за животно дело МРТВ му ја додели на доајенот маестро Љубомир Бранѓолица.