Најголемо учество во бруто-домашниот производ (БДП) на Република Македонија во 2011 година имаше скопскиот регион каде што се креира 42,4 отсто од македонскиот БДП, кој преклани изнесуваше 7,48 милијарди евра, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најмало учество има североисточниот регион со 5,5 отсто.
Поголем БДП по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат скопскиот регион и тоа за 44 отсто, југоисточниот регион за 15,6 отсто, вардарскиот регион за 2,2 отсто и пелагонискиот регион за 2 отсто.
Другите четири статистички региони имаат БДП под просекот на Република Македонија. Најмал БДП по жител, во однос на националниот просек, има полошкиот регион каде што тој изнесува само 47,3 отсто.