Последните часови во училиштата „Орце Николов“ и „Никола Карев“, ќе бидат скратени за учениците од прва смена.
Ваквиот чекор на дел од средните училишта во доаѓа поради најавените протести организирани преку социјалните мрежи.
Ова е иницијатива на директорите со цел завршувањето на смената да не се поклопи со можните протести.
Од Министерството за образование и наука велат дека училиштата не добиле одобрение да ги кратат часовите и дека наставата мора да ја изведуваат со нормален распоред.