Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скринингот за Ковид-19 во училиштата не откри ниту еден позитивен случај меѓу учениците

0
By НОВА ТВ on October 22, 2021 ПОЛИТИКА
FOTO Alsat
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Продолжува скринингот за Ковид-19 во основните и средните училишта, а досега не е откриен ниту еден позитивен случај. Од почеток на пандемијата досега во државата од Ковид-19 починале над 7.000 граѓани. Ревакцинирани се 46 отсто од полнолетната популација, а во битката против Ковид-19, Министерството за здравство ќе го набави и лекот „Молнупиравир“.

-Скринингот за Ковид-19 кој се спроведува во основните и средните училишта не откри ниту едно дете позитивно на коронавирусот, соопшти вчера министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека до крајот на неделата ќе бидат тестирани околу 500 ученици.

Скринингот на Ковид-19 се спроведува со цел да се откријат асимптоматските носители на вирусот меѓу учениците и да се добие целосна слика на неговата трансмисија во училиштата. Тој треба да опфати околу 8.000 ученици.

Вчера беше забележан пораст на нови случаи на позитивни на коронавирусот. Од 3.073 тестирања беа регистрирани 490 случаи или околу 16 проценти. Претходно тој процент во работните денови се движеше од 10 до 15, а викендите под 10 отсто. Во претходното деноноќие беа пријавени и 11 смртни случаи и 201 оздравен пациент.

Досега се направени вкупно 1.354.533 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 198.646, бројката на оздравени е 185.660, а на починати е 7.012. Бројот на активни случаи е 5.974.

Според епидемиолошки анализи во моментов, најмногу активни случаи има во Скопје – 3008, Куманово – 481, Велес – 294, Прилеп – 236, Охрид – 203, Штип – 202. Во другите градови има под 200 активни, а во Демир Капија само еден случај на коронавирусот.

Заклучно со 20 октомври вкупно се вакцинирани 800.357 граѓани, ревакцинирани се 766.521 а трета доза примиле 2.365 граѓани, соопшти вчера Министерството за здравство.

Педесет и четири отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Оттаму исто така соопштија дека Министерството за здравство ќе го набави единствениот лек против Ковид-19, „Молнупиравир“.

Од Министерството посочуваат дека проактивно стапиле во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе започнат преговорите за негова набавка. Лекот „Молонупиравир“ е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид-19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто, информираат од Министерството.

-Лекот и вакцината против Ковид-19 не може да се споредуваат. Вакцините против коронавирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход. Вирусот Ковид-19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на SarsCoV2, информираат од Министерството.

На следниот состанок Комисијата за заразни болести ќе дискутира за мерката за неопходност да се примат две дози вакцини против Ковид-19.

Министерот за здравство вчера рече дека е огромен процентот на заболени кои се невакцинирани и сега вирусот се шири значајно меѓу невакцинираните граѓани.

– За жал се намали значајно интересот за вакцинација. Стигнавме до некаде 800 илјади граѓани кои се вакцинирани со најмалку една доза, од нив 760 ревакцинирани, меѓутоа високиот процент докажува дека болниците ги полнат само невакцинирани граѓани, рече Филипче.

Досега во светот од коронавирус се заразиле 243 милиони луѓе, починале околу пет милиони лица и оздравеле повеќе од 220 милиони пациенти.

Русија вчера пријави случаи на инфекција со новата варијанта на коронавирусот, за која се верува дека е позаразна од Делта поради рекордното зголемување на бројот на заразени и починати. Тоа ги принуди московските власти повторно да воведат порестриктивни санитарни мерки, пренесува Радио Слободна Европа.
Можно е варијантата AY.4.2 да биде широко проширена, изјави Камил Кафизов, истражувач во рускиот здравствен супервизор Роспотребнадзор.

Светската здравствена организација вчера објави дека пандемијата со Ковид-19 ќе трае една година подолго, затоа што посиромашните земји не ги добиваат вакцините што им се потребни.

Д-р Брус Ејлвард од СЗО изјави дека тоа значи дека кризата со Ковид-19 може „лесно да се прошири длабоко во 2022 година“.

СЗО вчера соопшти дека 80.000 до 180.000 здравствени работници во светот можеби умреле од Ковид-19 до мај годинава, инсистирајќи на тоа дека тие треба да бидат приоритетно вакцинирани.

„Новиот работен документ на СЗО проценува дека меѓу 80.000 и 180.000 здравствени работници и вработени во старечките домови можеби умреле од Ковид-19 меѓу јануари 2020 и мај 2021 година“, соопшти здравствената агенција на ОН.

Европската агенција за лекови (ЕМА) ќе донесе одлука за одобрување на Спутник В, руска вакцина против коронавирусот, најрано во првиот квартал од 2022 година, бидејќи се уште нема доволно податоци.

– Одлуката на ЕМА до крајот на годината сега е целосно невозможна, истакна изворот запознаен со прашањето.

Најсиромашните земји добија само 14 отсто од ветените вакцини против Ковид-19. Во анализата „Доза на реалноста: Како богатите земји и фармацевтските компании ги кршат ветувањата за вакцините“ на Сојузот за народни вакцини се наведува дека до најсиромашните држави доставени се 261 милиони вакцини против Ковид-19, што е само 14 проценти од 1,8 милијарди дози, колку што ветија богатите земји.

– Речиси една година од кога вакцината е достапна, во најсиромашните делови од светот комплетно се вакцинирани со две дози 1,3 проценти од населението, се посочува во анализата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.