Слаѓана Влајковиќ и нејзините две малолетни деца добија дом, јавува „Канал5“.
Имено, општина Чучер Сандево обезбедила покрив за Слаѓана и децата, ќиријата ќе ја плаќа општината, додека од државата ќе добие само парична помош.
Не и следувало сместување во шелтер центар оти не била жртва на насилство, а социјалните служби понудија помош откако таа реши јавно да проговори за својата судбина.
>> Сопругот ја оставил со двете деца, татко ѝ не ја прима дома
Дваесетичетиригодишната мајка на две малолетни деца две недели „живееше“ на скопските улици, откако невенчаниот сопруг ја напуштил, од куќата во која живееле ја избркала свекрвата, а таткото не ја примил во родниот дом.
Слаѓана и децата две ноќи спиеја во „Меѓаши“.
Слаѓана со партнерот живеела три и пол години во скопската населба Железара. Пред неколку месеци тој ја напуштил и заминал, а неговата мајка ги избркала снаата и внуците. На разбирање не наишла ни кај својот татко, ни кај маќеата. Добила само привремена помош и сместување кај роднини.