НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Славески: Владата предложи комплициран модел на мерки кој не гарантира намалување на цената на горивата

0
By Mirjana on March 9, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Стапката на инфлација во Македонија во февруари на годишно ниво достигна околу 8%. Уште повеќе загрижува фактот што само за 28 дена во февруари оваа година цените пораснале за над 1%. Со најновите поскапувања во тековниов месец, кои никако да сопрат, најверојатно трендот на пораст ќе продолжи и ќе дојде до забрзана инфлација која станува двоцифрена. Да се потсетиме, двоцифрена инфлација за последен пат сме имале некаде кон средината на 90-тите години од минатиот век. Генерациите наши граѓани родени во независна Македонија за прв пат се среќаваат со феноменот на висока инфлација. Ваков пораст на цените, проследен со празни рафтови во маркетите, недостиг на нафтени деривати и колони пред бензинските пумпи, сме немале ниту за време на воениот конфликт од 2001 година, ниту за време на жестоката финансиска криза и рецесијата од 2007 – 2009 година. Ова што сега ни се случува го избегнавме и во рецесиските 2012 – 2014 година за време на Европската должничка криза, изјави членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Трајко Славески.

Владата галопирачката инфлација ја објаснува со надворешните фактори и влијанија. Не ќе да е така! Ова е само делумно точно! Податоците од НБРМ покажуваат дека порастот на цените на енергијата и на храната на светските берзи во стапката на инфлација мерена преку порастот на трошоци за живот од 7,6% во февруари оваа година влијае со 4 процентни поени.

Остатокот од 3 процентни поени, или 40% од стапката на инфлација се објаснува и се должи исклучиво на домашни фактори. Тоа е цената на популизмот кој владата предводена од ДУИ и СДСМ го спроведува во континуитет за поткуп на гласови во изминатите 4 до 5 години сметаат во ВМРО ДПМНЕ. 

Славески ги повика Владата и НБРМ да преземат и системски, но и палијативни мерки за заштита на стандардот на граѓаните.

Во првата група спаѓа неминовното и неодложно зголемување на платите во јавната и државната администрација, во образованието, здравството, полицијата, армијата, државната управа на централно и локално ниво, како и јавните птретпријатија, преку примена на колективните договори за наградување на трудот според степенот на сложеност, изјави Славески.

Исто така, најавеното враќање на моделот за усогласување на пензиите кој важеше до 2018 година, е недоволно за заштита на стандардот и уште поважно, на дигнитетот на пензионерите. Никогаш не паметиме просечната пензија да била пониска од минималната плата. Нашиот предлог беше и останува пензиите да се зголемат за 20%.

За оваа цел, потребен е итен ребаланс на државниот буџет. Со кратење на непродуктивни трошења може да се обезбедат средства за зголемување на платите и пензиите во насока на подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Паралелно со ова, треба да се зголемат средствата за блок дотации и други трансфери кон единиците на локалната самоуправа за и тие да можат да ги зголемат платите на своите вработени и да ги покријат енормно зголемените трошоци за електрична енергија. Нашите општини, без разлика дали со нив раководат градоначалници од позицијата или опозицијата, се во длабока криза која сеуште не дошла во фокусот на јавноста. Ако владата веднаш не преземе мерки за зголемување на средствата за извршување на со закон пренесените надлежности на локално ниво, граѓаните набрзо ќе ја почувствуваат кризата врз сопствената кожа.

Централната банка, НБРМ, треба да се врати на нејзината основна цел, а тоа е ценовната стабилност и да превземе соодветни мерки за спречување на растечката инфлација.

 Втората група мерки се палијативните мерки. Се покажа дека овде владата нема соодветен концепт. И покрај рестриктивните мерки за замрзнување на цените и ограничување на маржите, инфлацијата не сопира.

Наместо да го прифати предлогот за намалување на акцизата кај нафтените деривати, како што предлага ВМРО-ДПМНЕ, со што цената на бензинот од утре би се намалила за 13 денари, а на дизелот за девет денари, премиерот Ковачевски денес предложи комплициран модел за намалување на акцизата кој не само што не го разбра јавноста, туку и не гарантира дека ќе придонесе за намалување на малопродажната цена на горивата.

Што да се каже за мерката намалување на ДДВ за централното греење, електричната енергија и одредени видови основни животни намирници. Ако мерката за намалување на акцизата е премалку, ова намалување на ДДВ сигурно доаѓа предоцна. Покрај ова, некои мерки кои одамна се во сила, беа промовирани како нови, како што е на пример додатокот за енергетска сиромаштија кај примателите на социјална помош и слично, заклучи Славески.

 

реакција на мерките на Владата Славески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.