Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Славниот древен јапонски роман „Приказната за Генџи“ во Македонија

0
By Нова ТВ on November 18, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Славниот древен јапонски роман Приказната за Генџи од Мурасаки Шикибу, неодамна се појави во издание на Издавачката куќа „Слово“ од Скопје.

Тоа е прв јапонски, ако не и светски роман, од XI век, преведуван на многу јазици и читан од милионска публика. Јапонскиот нобеловец Јасунари Кавабата го смета овој роман за „врв на јапонската книжевност“.

Во својата оценка тој го додава следното: „Ние до денес немаме дело кое би можело да се мери со таа приказна“, укажувајќи на внатрешната структура на тоа дело и на силината со која се оцртуваат ликовите. И Маргерит Јурсенар, големата француска писателка, дели слично мислење. „Никој не успеал да напише нешто подобро ни во една книжевност“, вели Јурсенар.

Макар што е создаден во древната Јапонија, романот Приказната за Генџи се смета за прв модерен психлошки роман во светот. Иако основната тема е љубовниот живот на принцот, писателката Мурасаки Шикибу сликовито го претставува животот и менталитетот на општеството во јапонската престолнина на тоа време, денешното Кјото, посветувајќи внимание на чувствата на ликовите и на психолошките нијанси во нивните односи.

Ликот на Генџи не е историски, иако веројатно е моделиран според вистинска личност. Тој претставува естетски идеал на дворскиот човек: убав, образован и префинет, врвен познавач на литературата, на уметноста, на калиграфијата и на музиката, љубовник по кој лудуваат дворските дами.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.