Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Следи ги своите соништа: Мигрантска приказна на една млада Македонка

0
By Нова ТВ on May 18, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Се викам Ерлин и сум 29-годишна Македонка која ја напуштила својата земја за да ги постигне своите професионални цели.

Откако се стекнав со мастер надвор од земјата, се вратив во Македонија со цел да ја започнам мојата професионална кариера и да придонесам кон моето општество. Мојата енергија и желба да придонесам беа задушени набрзо по пристигнувањето, бидејќи се соочив со тешкотиите поврзани со влегувањето во пазарот на труд.

По 6 месеци постојано барање работа, ме вработија. Не беше кариерата која ја посакував, но ми рекоа дека треба да бидам среќна што имам работа. Поминав 2 години во мојата земја. Научив и се развив многу на професионален план, но истовремено, се чувствував дека не треба да се задоволам со помалку од она за кое се стремев. Моето искуство во Македонија е дека капацитетите и мотивацијата на младите често се подриваат. Возраста, родот и најважно контактите кои ги имаш сѐ уште се важни во поглед на тоа каде се наоѓате и колку ќе напредувате во вашата кариера. Набргу потоа, почнав да аплицирам за работни места надвор од земјата и ја добив првата работа во меѓународна организација во странство.

Животот и работата во странство носи мноштво предизвици.

Бев далеку од моето семејство и пријатели и од она што го сметав како зона на комфор… но токму таму ја најдов својата професионална, како и лична зрелост. Бев отсутна за родендените, венчавките и прослави на луѓе кои ми се блиски, но си ги исполнував целите во кариерата и тоа ми даваше елан да продолжам. Сега се наоѓам во Либан, земја која е домаќин на најголемиот број на бегалци по глава на жител во светот. Економската криза и присуството на преку милион Сиријци во земјата резултираа со мобилизирање на капацитетите и потенцијалот на млади луѓе во одговорот од земјата – барем во хуманитарниот сектор од кој и јас сум дел и ова беше исклучително искуство на учење за мене.

Од клучна важност е да се разликува моето мигрантско искуство од она на личност која ја напуштила својата земја поради војна или страв од прогон.

Меѓутоа, преку разговор со бројни млади бегалци и мигранти низ моето искуство, сфатив дека нашите долгорочни цели и соништа имаат многу заеднички точки. Сите се стремиме за само-реализација – во безбедна и просперитетна средина. Мојата порака до младите луѓе е: никогаш не престанувајте да работите кон постигнување на своите цели, какви и да се истите. Универзумот има свој начин на наградување на оние кои ги следат своите соништа. Во мојот случај, бев наградена со кариерата која секогаш ја сакав и работам со луѓе од кои многу може да се научи за отпорност и сила.  

Приказните се собирани од активисти на Легис и се поддржани од GIZ во име на BMZ.

Ставовите изразени во оваа колумна не нужно се совпаѓаат со ставовите на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammmenarbeit (GIZ) GMBH.

Легис мигрантска приказна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.