Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Следната година можеби клучна за решавање на спорот со името

0
By Нова ТВ on July 23, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Друга причина поради која западните дипломати сметаат дека е можно да се најде решение за спорот, е повторно засилениот американски интерес за регионот, пред се поради опасноста Русија да се обиде да го прошири своето влијание врз послабите држави како на пример Бопсна и Херцеговина, пишува „Катимерини“.

Следната година може да биде клучна за решавање на долгогодишниот спор меѓу Атина и Скопје за официјалното име на Македонија, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Весникот, повикувајќи се на дипломатски извори, наведува дека официјални претставници во Европа и во САД сметаат дека може да се отвори можност за решавање на спорот за името во периодот меѓу локалните избори во октомври годинава и претседателските избори во Македонија во 2019 година.

Надежите за решавање на проблемот се појавија откако социјалдемократот Зоран Заев состави влада во јуни по повеќемесечениот политички хаос. По формирањето на новата владејачка коалиција, македонскиот министер за надворешни работи Никола Димитров минатиот месец ја посети Атина за да се сретне со грчкиот колега Никос Коѕиас, кој, пак, треба да го посети Скопје кон крајот на август.

Друга причина поради која западните дипломати сметаат дека е можно да се најде решение за спорот, е повторно засилениот американски интерес за регионот, пред се поради опасноста Русија да се обиде да го прошири своето влијание врз послабите држави како на пример Бопсна и Херцеговина, пишува „Катимерини“.

Според дипломатските извори на кои се повикува весникот, американските официјални претставници забележале враќање на прагматизмот во Македонија и сметаат дека властите во Скопје се подготвени да направат компромис. Истовремено властите во Македонија, се чини дека се поттикнати од подготвеноста за отстапки и во Атина.

Западните дипломати во сегашната фаза не вршат притисок ниту врз Атина ниту врз Скопје за да направат отстапки, но им предложија на двете страни да избегнуваат јавен дијалог за ова прашање за да не се создаваат преголеми очекувања. Целта е да се преземат чекори и од двете страни во текот на наредната година и преговорите завршат пред претседателските избори во Македонија во 2019 година, кога и Грција ќе се подготвува за општи избори, пишува „Катимерини“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.