Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Следните епизоди по бегството на Груевски

0
By Биљана Секуловска on November 24, 2018 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

После бегството на Груевски,  следните епизоди почнаа да се натрупуваат една врз друга, да ги поклопуваат старите, најавувајќи  нови апсења, нови обвиненија, нови истраги, почнувајќи од Јанакиески и Божиновски, потоа она на Мијалков, а на се претходеше Орце Камчев.

Филмската лента очигледно е дека никого нема да заобиколи, сите ќе бидат изврзани со неа, во стапицата која ја приредува со хируршка прецизност СЈО.

Иако се уште има сомнежи за бегството на Груевски, тие остануваат и ги реметат соништата, затоа што никој не знае која е мерката на правната држава, од каде почнува довербата и зошто по неа се гази како на лабаво оптегната жица.

Затоа што, од самиот почеток операциите изгледаат како свилен гајтан кој полека се затега на актерите во злосторствата, погледнете ги само за момент очите кои станаа  раскокорени низ публиката.

Таа бара докази, не крвави, тоа не, но опипливи, видливи, сведоштва и бара одговори: дали некој воопшто го видел Груевски навистина дека физички е присутен во Будимпешта?

Неверицата со апсењето прво на Камчев, а потоа со Мијалков, ги отвори истите дилеми и резерви- дали навистина се во притвор, има ли човек кој може да го документира сето ова, да понуди запис, фотографија, макар нацртани контури, замаглени, нејасни, но доволно уверливи.

Секако дека ваквите инсистирања за докази не почнаа од сомнежите околу бегството на Груевски, туку од дестгодишната тортура, во која се шепотеа иницијали, се употребуваа мимики, и само во од се промрморуваше името на Мијалков.

Тоа беше човекот кој се знае, слуша и гледа, човекот од кој сите се стресуваа и панично се разбегуваа или престануваа да дишат, доколку некој  само ја употребеше првата буква од неговото презиме, и потоа ништо не продолжуваше понатаму да биде, како што дотогаш изгледало дека се одвивало, затоа што стравот не беше лажен ниту лошо одглумен.

Новиот расплет по бегството на Груевски го отвори новиот фронт на СЈО, во кој актерите од злосторствата ќе паѓаат еден по еден, безмилосно, онака, како што владееја низ деценијата.

Затоа што, неверојатно изгледа целиот ланец на институции, дека заглибил толку длабоко и дрско во груевизмот, дека е можно сите актери да одмавнат со рака и да слегнат со рамениците, ладнокрвно пропуштајќи го Груевски да исчезне.

Целата операција на бегството изгледа премногу сомнително, за да биде оквалификувана како немарности, пропусти, слабости на системот и порозност на институциите: најпрво, СЈО да не бара притвор, иако ова обвинение е нивен производ, свесни се за  проценката за ризик од бегство за кое јавноста и медиумите говореа (неделникот”Фокус” објави исто сценарио неколку месеци претходно) ,освен тоа, на маса се распослани нови обвиненија, нови судења, нови барања за затвор со неговото име; неверојатната сцена за која никој не видел ништо, не чул, ниту пак се интерересирал- Груевски елегантно да извади пари од сметката – се работи за 230.000 евра, за кои скоро два месеци подоцна дознава јавноста и покрај тоа што е наметнат одреден лимит на сума од банките; три пати Судот не може да му  достави покана за затворската казна, затоа што не ја знаеле адресата: судските курири прогласуваат викенд и не може да му биде врачена одлуката за затвор; притоа, не се распишува потерница и покрај фактот што Груевски за нив не е достапен;  телохранителите, откако Груевски им соопштил дека  не се потребни, покорно се повлекуваат и му отстапуваат отворен простор за бегство, за кое никој не се сомнева неколку дена; излегувањето од Македонија на непознат начин, авантуристичката турнеја низ балканските земји, влезот во Будимпешта со некаков документ- нема никакви траги се уште од полицијата, никакви сознанија, освен едно ништо, едно огромно ништо; притоа, се распишува национална, но не и меѓународна потерница, за втората да биде објавена предоцна, кога тој веќе објавува на својот фејсбук-профил дека се наоѓа во Будимпешта.

Патот на бегството Груевски кое го дефинираше како кукавица, го отвори широкиот простор за сценариото на следните епизоди: да ги сврти против него досегашните соработници и негови соучесници во злосторствата- Јанкулоска, Јанакиески, Божиновски, Камчев и Мијалков,  да се трасира патот за нови апсења; што подразбира ослободување од мечот кој е надвиснат над сегашните и идни актери на судските процеси кои треба да ја дефинираат улогата на Груевски, особено неговата водечка ролја; како и еднакво ослободување на пратениците, но и на самите членови во ВМРО-ДПМНЕ, кои предолго и безуспешно бараат реформирање; и последното- следење на трагот на парите до кои ќе ги одведе Груевски, како и до целата мрежа на соработници и актери, во кои Унгарија не е последната алка од овој синџир, за кој постојат одредени сомнежи дека е со руски потпис.

Враќањето на Груевски е последната епизода која ќе мора да ја запечати правдата, а трпението сега веќе е растеглив поим, не притиска веќе никого, откако е ставен клучот зад ќелијата на Мијалков. Има само еден човек што ништо од ова не може докрај да сфати, ниту да прифати- Христијан Мицковски, кој останува заробен во груевистичките времиња, понудувајќи го истиот кошмар, заради кој неговиот претходник е во бегство и затоа и тој е една од точките на зовривање- во следните епизоди од бегството на Груевски. Само така ќе се ослободат од неподносливата леснотија ширум затворените очи на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.