Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Следно ниво на изборните измами

0
By Нова ТВ on September 22, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Патриотски“ – Фејсбук група која е откриена од The Daily Beast, е прв доказ за осомничените руски провокатори кои ги мобилизираат поддржувачите на Трамп да излезат во јавност.

Осомничените руски пропагандисти на Фејсбук, се обиделе да организираат повеќе дузина про-Трамп собири во Флорида за време на минатогодишните избори, дознава The Daily Beast.

Демонтрациите, од кои најмалку едни беа промовирани на интернет од страна на локални про-Трамп активисти, привлекоа дузина поддржувачи на Трамп во јавност. Се смета дека тоа е првиот случај на руски промотери кои успешно, преку Фејсбук, мобилизирале Американци да излезат на улица за директна поддршка на Доналд Трамп.

Случувањата од 20 август 2016 година, заеднички се нарекуваат „Флорида е за Трамп“ и се сметаат за „патриотски државен флеш моб“, кој се случи симултано во 17 различни градови во САД. Тешко е да се процени колку од тие локации вистински посведочија некакви промени во излезноста, бидејќи Фејсбук неодамна избриша стотици руски акаунти со што се сокрија многу од доказите. Но, видеа и фотографии од две локации,  Форт Лаудердејл и Корал Спрингл, се објавени на Фејсбук од локалната кампања на Трамп и се уште се таму до денес.

– На 20 август, ние сакавме да собереме патриоти на улиците на градовите на Флорида и да маршираме за обединување на Америка и поддршка на Доналд Трамп – пишува на една од страниците на Фејсбук.

– Нашиот флеш моб ќе се случи на неколку места во исто време, повеќе детали околу локациите ќе бидат објавени подоцна. Напред Доналд!

Флеш мобот во Флорида беше еден од најмалку четирите про-Трамп и анти Хилари Клинтон демонтрации кои успешно беа организиарни преку Фејсбук страница наречена „Патриотски“ и Твитер акаунтот наречен „марширај за Трамп“.

„Патриотски“ имаше 200.000 следбеници. Настаните промовирани преку страницата лани, во јули вклучуваа и протест пред просториите на Клинтоновата кампања во Њујорк, наречен „Долу Хилари“. На 11 септември имаше про-Трамп демонстрации во Менхетен и симултано „Рударите за Трамп“ во Филаделфија и Питсбург во октомври, и про-Трамп марш пред Кулата Трамп, минатиот ноември, по неговата изборна победа.

„Следното ниво“ на изборни измами

Страницата „Патриотски“ на Фејсбук беше затворена во август 2017 година, веднаш откако Фејсбук ги затвори сметките водени тајно од озлогласената „фабрика на тролови“ наречена „Интернет истражувачка агенција“. Според јавниот извештај од американските надлежни власти, Агенцијата е финансирана преку „организација блиска до Путин и руските власти“. Објавите на „Патриотски“ вклучуваа мноштво од про-Трамп и анти Клинтон мемиња, направени во ист стил како оние најдени на „Срцето на Тексас“ и „Обезбедени Фејсбук граници“ претходно идентификувани како руски операции.

Твитер акаунтот „Патриотски“ беше суспендиран речиси во исто време.

Портпаролот на Фејсбук кажа за The Daily Beast, дека компанијата не е во состојба да потврди било кој од деталите наведени тука, како одговор на прашањето за руското потекло на „Патриотски“, но не го оспорува пишувањето на „The Daily Beast“.

На 6 септември, Фејсбук потврди за првпат дека неавтентични страници од 2015 до 2017 година, промовирале, како што Алекс Стамос, шефот на безбедност на компанијата, би рекол „потпалувачки социјални и политички пораки низ политичкиот спектар“. Но, Стамос вели дека најмногу од измамничките активности кои се најдени, околу 3000 реклами поврзани со 470 сега веќе исклучени акаунти поврзани со руски фарми на тролови, не се посебно поврзани за американските претседателски избори, гласање или конкретен кандидат.

Откако „The Daily Beast“ откри дека руски акаунти преку Фејсбук организирале настани за да промовираат маршеви во САД, компанијата рече дека не е е прецизно да се каже дека некаква координација се случила меѓу кампањата на Трамп и Русија, нешто во што истражувачите се сомневаат, бидејќи социјалната мрежа поседува многу информации за своите корисници.

Поранешен агент на ФБИ вели дека про-Трамп настаните претставуваат „следно ниво“ на влијанието од руските операции.

– Ова би бил директен напор, повеќе отколку обидот за само интернет поддршка. Ајде да организираме и да се обидеме да ги изведеме луѓето надвор, на собири за проактивно да се здружат околу некој кандидат. Сепак, ако трагите водат до Русија, не може да одречете дека тоа претставува странско влијание врз изборите – вели агентот.

 

Собири против БЛМ (Black lives matter/И црните животи значат)

Продолжетокот на влијанието на „Патриотски“ не е јасен. Во јуни минатата година, на пример, страницата побара од нејзините следбеници да се соберат пред Кулата Трамп во Њујорк. Настанот на Фејсбук доби потврда за присуство од 138 луѓе, а околу 400 се пријавија како заинтересирани за настанот.

Марширај за Трамп специјално го контактраше  Ник Тома, локален спикер на вести од Пенсилванија, за покривање на настанот „Рударите за Трамп“ минатиот октомври, само месец пред изборите.

Кога на Тома му беше испратен линк од твитот, тој за The Daily Beast рече дека не се сечава дека го видел претходно.

Фејсбук ги исклучи некои од нелегалните реклами.

Поранешниот агент на ФБИ забележува дека веројатноста за оспорување е вградена во било каква руска стратегија, како што е користењето на фарми на тролови во Санкт Петерсбург или Македонија, за да се сокрие влијанието на кампањите. Но, успешноста да се соберат Американците на улиците за Трамп, го покажува досегот и ефикасноста на тие напори.

Страницата заработи толку многу следбеници, што познат македонски дистрибутер на лажни вести, Никола Таневски, ја купи Being.Patriotic.com оваа година, но страницата е во мирување. Таневски води популарни фабрики за про Трамп лажни вести, USATwentyFour.com и TheAmericanBacon.com. Обидите да се искомуницира со Таневски беа неуспешни.

Слоевите на измама, одат дотаму што го надминуваат Фејсбук и создаваат маршеви. Кога не организираше настани, „Патриотски“ поттикнуваше насилство кон малцинствата.

Кога беше запрашана за коментар, Белата куќа не одговори на мејловите на The Daily Beast. Но, Сузи Уајлс, која беше менаџер на кампањата на Трамп за Флорида, за The Daily Beast одговори дека флеш мобовите кои се случувале ширум САД, не биле дел од официјалната кампања.

Тоа е така и покрај фактот дека настанот беше промовиран преку официјалната страница за Доналд Трамп за Флорида. Фотографи и видеа беа објавени подоцна.

Сузи Уајлс

Кога и беа испратени линкови од горенаведеното, Уајлс одговори:

– Постојат групи како оваа ширум земјата, и можеби на други места исто така. Групи луѓе се поврзуваат и воспоставуваат вакви присуства, но не се поврзани со капањата. Овие фотографии не ме алармираат. Кампањата на Доналд Трамп ги нема создадено овие групи на Фејсбук, туку негови поддржувачи – одговара таа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.