Новинари и граѓани денеска во 11 часот пред Кривичниот суд со мирен потест ќе го изразат својот револт за продолжувањето на притворот на новинарот Кежаровски, најави вчера иницијативниот одбор Спас за Томислав Кежаровски.
Како што истакнаа од одбор треба да се престане тортурата врз демократијата во оваа држава, случајот Кежаровски не ги засега само новинарите, туку пошироката јавност.
Новинарот Кежаровски веќе трет ден штрајкува со глад во Шутка во знак на протест поради неговото држење во притвор. Иако истрагата заврши, тој трет месец е зад решетки. Неговото семејство понуди и недвижен имот како гаранција, но залудно.