НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Слободата е мирис на вистинската послушност!

0
By Marta Pesevska on January 21, 2024 КОЛУМНА, ПОЛИТИКА
Бранко Тричковски
Бранко Тричковски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Со масажи сакаме да го замениме недостигот на природно движење.

Како и сите мрзи.

Среќа, ги имаме на располагање комитите кои го преживеаја османлукот и комунизмот.

Вмро-дпмне нѐ масира.

Всушност, нѐ дави!
Не особено нежно, но во секој случај – успешно.

Не ни дава да мрднеме.

И така ќе биде сѐ дур ние не го мрднеме него.

Од нашите погледи и мисли.

И политички понуди и надежи.

Срамота е да го влечеме како црешово топче во борбата со носачи на авиони.

Смешни сме и трагични во исто време.

Тие се специјалисти за уво, нос и грло.

Особено за грло.

И за мозок, натурлих.

Македонците ги обожуваат тие третмани.

На неписменоста.

На бесмислената фраза.

Тврдокорните дамки на македонизмот ги третираат подобро од Вениш.

Македонецот излегува од студиото на вмро-дпмне како лав од саванската академија за генетика: без грива, јајца и опашка за рамнотежа и за бркање на досадните муви.

Со млечни заби за камуфлажа и самоохрабрување.

Всушност, да не се лажеме: влегува како будала и излегува како идиот.

Идиот без маана.

Не се решаваме за ништо неочекувано.

Вмро-дпмне е тука да ни ги убие сите очекувања.

Македонците помагаат колку можат.

Внимаваат да не ја изненадат Историјата.

Да не ја зезнат во намерата да ги обездухови.

Што и не е така тешко.

Немезида нема да ги заборави.

Таа казнува по заслуги, а за најгоголема заслуга ја смета страста со која исклучително ретки народи, Македонците, на пример, не бегаат од себе, што таа би го поздравила и наградила,  туку пропаѓаат во себе, што божицата не може да го поднесе.

Тоа и личи на ново говно во вселената.

Тоа нивно пропаѓање во својата историја од акварели и култура од панаѓурски експонати.

Без моќ да го забележат стаклото кон кое одат.

Јас сум малку од страна, па гледам дека тие не го гледаат.

И дека следи крш и крв.

Ако во последен момент не се сопрат.

Фина мала затворена заедница на духовни и национални, во крајна линија човечки, самоубијци.

Кои се убедени дека се во салонот за разубавување што го градат со секојдневното кокодакање и крекетање.

Ја вознемируваат Вселената со лажните рекламации на животот што им е подарен.

Со кој не знаат да управуваат.

Тоа е!

Ако мислењето постојано гради скала на вредности „која не е од овој свет“, тоа е непријател на оние кои владеат со општеството.

Но, кои се тие сили во Македонија?

Власта?

Не би рекол, дискурсот, темпото и вредносниот систем го диктираат говњарите од таканаречената опозиција.

Тоа и такво мислење не им одговара и на потфатите кои тежнеат кон преврат или преобразба на општеството и кои веќе пред успехот нужно имплицираат дека меѓу симпатизерите, мнозинството ќе биде подредено на малцинството, со презир на повластените кон анонимната маса. Со лаги. Освен тоа сакат да го урнат постоечкото но ништо наместо тоа да не грдат.

Или ќе градат народни песни, ора, игри на несреќа и маскенбали ди по некоја жртва за добро расположение.

Бај д уеј: направија ли разочараните и востаниците биланс на својата седумгодишна деструкција?

Забележуваат ли дека од Македонија направија вир од своите мочки, срања и блуеници.

Жане, Кате, имате ли некоја забелешка?

Таквата состојба апсолутно и беспомошно го разорува секој човек кој чезнее за општото добро.

Во играта на силите кои ја движат историјата, пишуваше Симон Вејл, не е можно дури ни од далеку да се учествува, а да не се извалкаме. Уште помалку е можно да се повлечеме во рамнодушност или во кула од слонова коска ако имаме малку совест. Правилото на „најмалото зло“, кое со својот начин на користење толку го озлогласија социјалдемократите, останува како единствена можност под услов да се применува со најтрезвена свесност.

Тоа се опциите пред изборите за кои јас тврдам дека нема да бидат праведни и фер во однос на власта затоа што зад клучалката низ која седум години Македонците ја гледаа претставата за стварноста, се даваа само инсценации и упатства и препарати за миење на мозоците. Сдсм и дуи мораат да ја отворат таа врата пред чија клучалка се наредени Македонците и голем дел од Албанците и да им направат мали или малку поголеми џумки на главите од ударите на вистината за нив.

И за себе, се разбира.

Можат да загубат, но во таа загуба мора да има стил.

Освен тоа јас верувам дека само така можат да го победат злото.

Само ако ги растурат правилата на играта што злото ги наметнува триесет и кусур години.

Националните интереси, идентитетот, јазикот, блаблабла, работи што ги изопачува за да има за што да обинува и да ги нуди своите услуги на спасител.

Можат ли Македонците да бидат толку глупави!?

Не сакам да верувам, сеедно што немам некои особено убедливи аргументи.

Тие се склони да веруваат во искази на кои не им одговара никаква смисла, односно на лага.

Тие сакаат слободата да ја пронајдат во потчинетоста на злото. Но, слободата, велеше Вејл, се наоѓа само во послушноста и никаде на друго место.

„Слободата не постои ниту во Парламентот, ниту во медиумите, ниту во која било институција. Таа постои само во послушноста. Таму каде што послушноста нема секојдневен и постојан мирис на слободата, нема слобода. Слободата е мирис на вистинската послушност.“


Специјално за Првата линија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани. ФРОНТЛАЈН / FRONTLINE

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025

Известителка на ОН: Србија крши голем број меѓународни обврски и се движи кон самоволна власт

August 8, 2025

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025
ФОКУС

Фајненшел Тајмс: Бостонска консултантска фирма направила нацрт-план за преселување на 25 отсто од Палестинците во Сомалија

ВЕСТИ August 8, 2025

Глобалната консултантска фирма од САД, Бостон Консалтин Груп, разгледува планови за преселување на околу 25%…

Мерц: Германија го запира извозот на оружје за Израел

August 8, 2025

Трамп: Примирјето во Украина „зависи“ од Путин

August 8, 2025

Зеленски ги објави условите пред можни преговори со Трамп и Путин – Русија да престане да убива Украинци и да се согласи на прекин на огнот

August 7, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.