Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Слободата како светлина

0
By Нова ТВ on September 27, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Младите есеисти пишуваат!

Бегство од слободата

Слободата е како светлина и без неа би потонале во бездната на темнината

Автор: Фросина Марковска

Борбата за слобода е тежок процес кој трае цел живот. Меѓутоа, во таа борба ние не треба да научиме само како да се разбираме со другите, туку, и како да се справиме со самите себеси. Оној човек кој што ќе успее да ја добие таа борба не само што ја добива слободата, туку добива и една од најголемите лекции за животот. А животот е една голема брканица во која ако не научиме како да бидеме мачор, засекогаш ќе останеме беспомошен глушец осуден на доживотно бегство.

Честопати сите ние, на различни начини, се обидуваме да ја избегнеме одговорноста за сопствените проблеми. Бараме решение и помош од другите притоа не сакајќи да ја прифатиме одговорноста за сопствениот избор. Тежнееме кон барање виновник само затоа што така си ја намалуваме вината за нашиот погрешен избор.

Исто така, многупати се жалиме дека немаме време да ги завршиме обврските. Не сакаме да прифатиме дека нашето време е наша одговорност. Така, на пример, кога на телевизија гледаме некој филм кој што не ни се допаѓа, ние најчесто го критикуваме наместо да го смениме каналот. Или пак, ако се одлучиме да студираме, потоа ги обвинуваме професорите затоа што не можеме да најдеме слободно време.

Доколку немаме доволно време за нашите пријатели или пак, за семејството, ние сме виновни за тоа. Нашата напорна работа не е товар што ни го наметнуваат судбината, професорите или пак, лошиот шеф на работа, туку, сопствениот избор и нашата листа на приоритети. Се додека сме огорчени кон луѓето гледајќи како тие си наоѓаат време за се, всушност ние си го погазуваме сопствениот избор.

Додека не си признаеме дека не бегаме од одговорноста, туку од слободата, секогаш ќе сме во некаква брканица, со проблеми и со постојани главоболки. Проблемот не го решаваме ако некому му речеме: „Ти си виновен”, или пак: „Тоа не е мој проблем”. Проблемот може да го решиме само ако си речеме: „Ова е само мој проблем, резултат од мојот слободен избор и сето ова сам ќе го решам”. Меѓутоа, повеќето се плашат од болката, па се лажат себеси, а лагата е најсурова кога се лажеме самите себеси.

Сепак, слободата носи големи одговорности кои треба да ги прифатиме, за да можеме правилно да постапиме. Колку побргу ја прифатиме реалноста, толку побргу ќе можеме да се справиме со нашето бегство. Да се спознае погрешното како погрешно е единствениот начин да останеме на страната на реалноста.

Кога ќе сме способни цврсто да застанеме на свои нозе и да дејствуваме слободно, треба да знаеме како да се ослободиме од нашиот егоизам. Секој од нас би требало да направи мапа на својот живот, за сето она што сака да го постигне самостојно.

Сепак, со текот на времето мапата ќе претрпува измени, а ние тоа треба да го прифатиме, затоа што слободното дејствување не значи дека се низ животот треба да правиме сами. Човекот има потреба од друг човек за да преживее. Не треба да дозволиме слободата да нѐ направи заробеник на осаменоста.

Целокупноста во животот на возрасните е во личниот избор и одлуките Доколку го прифатиме ова, ние стануваме слободни луѓе, а доколку не успееме, засекогаш остануваме жртва. И покрај тоа што, ова е од голема важност, сепак, повеќето го игнорираат, затоа што патот кон прифаќањето на одговорноста е многу тежок.

Доколку успееме да навлеземе длабоко во себеси, ние ќе допреме до она делче во кое што го криеме бегството, и не само бегството од слобода, туку и, бегството од се што носи болка. Само тогаш ќе сфатиме дека: „Слободата е како светлина. Без неа би потонале во бездната на темнината, би се чувствувале како да живееме во кафез заклучен со катанец, а клучот фрлен на дното од морето”.

Фросина Марковска

Авторката е студентка на Филолошки факултет

Програмата „Млади промотори на слобода на изразување“ ги поттикнува младите луѓе преку есеи, мултимедијални продукти и кампањи што сами ги осмислуваат да бидат активни граѓани кои се борат за слободата на изразување, а против говорот на омраза, стереотипизирањето и етикетирањето.

Авторите на есеите, мултуимедијалните продукти и на кампањите се средношколци и студенти кои штотуку стапнуваат на јавната општествена сцена и бараат слободен простор за себе и за своите ставови. Повеќе информации за активностите во проектот може да добиете на http://www.mof.mk/izrazise/

Проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), го реализираат НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум. Содржината на текстовите е единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум и на никаков начин не ги рефлектира гледиштата на Европската Унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.