Словенечкиот ТВ канал А и се извинува на јавноста во Македонија за грешката направена во интерпретацијата на изјавата на министерот за одбрана Талат Џафери.
НОВА стапи во контакт во главниот уредик на овој популарен ТВ канал во Словенија со барање за објаснување за прилогот објавен во централните вести на телевизијата во кој беше пренесена интерпретација на изјавата на министерот Џафери од емисијата К 15.
Нашиот репортер, кој ja подготви информацијата инсертите ги превзема од YouTube. Секако, ова е грешка, за која јас искрено им се извинувам на граѓаните на Македонија.!
Не беше намерата да испровоцираме, туку цел ни беше да известиме за немирите во Македонија, вели во изјавата за НОВА, главниот уредик на Канал А, Грегор Требусек