Словенечката централна банка ја одзела лиценцата за извршување на платни услуги на Дајнерс клуб Словенија, јави Танјуг.
Трансакциите во Словенија и странство од вчера не е можно да се плаќаат со тие картички, а во Словенечката централна банка не се наведуваат причините за одземање на лиценцата. Медиумите наведуваат дека станува збор за околу 80.000 издадени картички на Дајнерс кубот, пренесе Танјуг.
Дајнерс клубот Словенија е во сопственост на компанија регистрирана на Девствените острови, која ја контролира влијателниот словенечки бизнисмен Томаж Ловше, но тој бил недостапен за коментар.