Хрватските работници во наредните две години не се добредојдени во Словенија.
Словенечката влада го донесе законот со кој пазарот на трудот за Хрватите останува затворен во преодниот период по влегувањето на земјата во Европската Унија.
Законот е донесен по итна постапка, а на сила стапува од 1 –ви јули, денот кога Хрватска ќе биде примена во ЕУ.
Хрватите кои сакаат да работат во Словенија до 2015 година ќе мора да бараат работна дозвола и за нив ќе важат истите прописи кои важат за работниците од земјите кои не се членки на унијата.