Доцна синоќа, словенечката влада и официјално прогласи епидемија на коронавирус на целата територија на земјата, што ќе трае 30 дена, почнувајќи од денеска.
Активиран е националниот план за заштита и спасување но без дополнителни ограничувачки мерки.
Владиниот портпарол, Јелко Кацин, изјави за РТВ Словенија дека нема да има промени во врска со вработените, студентите и другите, освен што се повикуваат сите работодавци да организираат работа од дома, ако е можно.
„Накратко, сакаме што повеќе субјекти да работат, но мора да има некои самоограничувања и дисциплина“, рече Кацин.
Учениците од шесто одделение во основните училишта ќе преминат на учење од дома, како што беше објавено на почетокот на минатата недела, додека останатите и денеска ќе одат на училиште.