Во Словенија во тек е бојкот на одредени трговски центри и супермаркети кој ќе трае до 2-рифевруари.
Но граѓаните се повикуваат да продолжат со бојкотот и на други трговски ланци и тоа од 3. до 9. февруари.
Повеќедневниот бојкот на купувањето во Словенија уследи по успешниот бојкот на хрватските граѓани во Хрватска минатиот петок, кога за само еден ден апстиненција од одење до продавница, бројот на издадени фактури е намален за цели 53 отсто.
Причината се високите цени на артиклите за храна, хигиена и широка потрошувачка.