НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај „Ембла” – Имаме закони, но не и цивилизациска свест за нивна примена

0
By НОВА ТВ Balaban on February 4, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Драмата која ја преживеа малата Ембла и нејзиното семејство во изминативе денови пробуди горчливи сеќавања кај многумина други родители на вакви деца со атипичен развој кои потсетуваат на неисполнетите цивилизациски обврски на системот и општеството.

„Случката со малата Ембла ме врати во периодот кога мојата ќерка Ерато, која е лице со атипичен развој се запиша во редовна настава во основно училиште. Дефинитивно најтешкиот период кој сме го поминале како семејство, потежок и од самиот момент на осознавање дека нашето дете има развојни проблеми. Најголем противник на инклузијата на Ерато дојде од родител кој е универзитетски професор. Образованието на родителите нема врска со отсуството на емпатија и човечност и едноставно има луѓе и нелуѓе. Нашето искуство покажа дека децата без негативното влијание на родителите се спремни и многу полесно ги прифаќаат соучениците со атипичен развој Нашата борба сами ја добивме. Бевме апсолутно децидни дека Ерато согласно законските одредби за инклузија ќе посетува редовна настава и покрај обидите за притисок таа да посетува специјално училиште ни во еден миг не попуштивме. Погоре спомнатиот професор го отпиша своето дете од одделението. Ерато остана во училиштето и тоа се покажа како најдобро решение во смисла на нејзината социјализација. Таа сега е во 9то одделение и нема апсолутно никаков проблем во смисла на прифаќање од соучениците и наставниот кадар“, вели зa НОВАТВ, Зоран Кардула, познат македонски уметник, родител на Ерато, дете со атипичен развој и активен борец за нивните права.

Ерато и Зоран Кардула

Случајот на Ембла, за жал, е само уште еден аларм дека општеството не е способно самото да си ја препознае одговорноста и совеста, на која потсетуваат  ваквите настани.

„Од примерот со девојчето Ембла, гледаме дека со немилите настани пред неколку години во Тимјаник, со децата кои беа излезени од Специјалниот завод Демир Капија, општеството не ги научи лекциите, и кога говориме за инклузивно образование, треба поточно да говориме пошироко за едно општество за сите, да почнеме да го применуваме принципот дизајн за сите, да градиме инклузивна клима на сите нивоа, да работиме на промената на самите себеси и на тие до нас. Бидејќи проблемот е поголем, поточно проблемот е во возрасните полни со предрасуди и стереотипи,  а говориме дека граѓаните на Македонија се љубезна нација??? Се прашувам после овие случувања зошто се овие тврдења???“ вели Душан Томшиќ, социјален работник и експерт во областа на правата на децата со атипичен развој.

Душан Томшиќ

Во изјавата за НОВА, Томшиќ потсетува на одговорноста која во ваквите ситуации ја имаат локалните власти чии активности, главно, се исцрпуваат на како што вели “редење на бекатон плочки и давање на дозволи за градење”

„Треба да продолжат активностите кои се преземаа во текот на последните две години  за подобрување на пристапноста и достапноста на образовниот систем за сите ученици, со посебен акцент на учениците со попреченост, за кои се потребни континуирани инвеастиции како во инфраструктурата, материјалите за учење, дидактичките помагала и секако вложување во знаењата на наставниот кадар и стручните соработници. Голема улога тука имаат и локалните самоуправи кои најдиректно можат да допринесат до промената на локалните услови, почитување на законите за градење, подобрување на условите во општинските основни училишта, но и во промена на свеста кај локалното население, и да разберат конечно дека локалното управување не е само редење на бехатон плочки и давање на дозволи за градење, туку и инвестирање во луѓето, во нивната благосостојба и добро живеење и зачувување на менталното здравје, особено во услови на оваа здравствена криза“, вели Томшиќ за НОВАТВ.

Нивото на инклузивност на националниот образовен систем е еден од основните показатели за посветеноста на институциите на системот и на сите учесници во воспитно – образовниот процес во обезбедувањето на еднакви права и можности за сите ученици, независно дали имаат или немаа посебни образовни потреби. Правото на образование е основно човеково и уставно загарантирано право на секој поединец и тоа мора да му биде овозможено.

Овие права се регулирани со закон кој, за жал, ретко кога и каде се применува од самите надлежни за неговото спроведување.

Законот предвидува постоење на училишен инклузивен тим, а за секое дете на кое му е потребна поддршка – образовен асистент, личен асистент, соодветна стручна поддршка од центар за поддршка на учењето, инклузивен тим и асистивна технологија по препорака на стручното тело за проценка и во согласност со индивидуалниот образовен план или модифицираната програма.

Маја Атанасова 

Маја Атанасова од Асоцијацијата на млади правници во изјавата за НОВАТВ, повикува на поголем ангажман на сите институции кои се законски обврзани во процесот на имплеметацијата на овој закон кој, во актуелните околности, е очигледно само „мртво слово“ на хартија.

„Според законот, училишната година би се одвивала на следниов начин: Училишниот тим ќе има подготвено активности кои ќе ги спроведува на ниво на целото училиште и за кои ќе води грижа тие да бидат усогласени и применувани во воспитно-образовната работа. Уште при уписот во училиште, училишниот тим ќе има предвид колку деца со попреченост или тешкотии се запишуваат во училиштето, каков е видот и обемот на попреченоста и како да се распоредат учениците во одделенија за да можат соодветно да ја спроведат инклузијата. За секое од овие деца ќе се формира посебен инклузивен тим кој во рок од 30 дена од започнување на училишната година ќе креира индивидуален образовен план или модифицирана програма за ученикот согласно неговите индивидуални потенцијали и потреби. Ученикот веќе треба да има добиено и образовен и/или личен асистент, во зависност од потребата“, вели Атанасова.

Таа додава дека за инклузијата да биде успешна, потребно е големо ангажирање од страна на сите вклучени во процесот.

„Носењето и презентирањето на законот не се доволни и нема самите по себе да ја направат промената во однесувањето и прифаќањето на различностите. Потребна е темелна и долготрајна поддршка за целиот училишен кадар да го промени пристапот и да го адаптира на инклузивно образование, за што првенствено треба да им се овозможи точно да ја разберат суштината на инклузијата и што таа значи и за децата со типичен, и за децата со атипичен развој и да им овозможат да се поддржуваат и да растат заедно“, вели Атанасова, потенцирајќи ја улогата на  родителите кои во случајот на Ембла, како и во случајот на Ерато, се иницијаторите на дискриминацијата.

„Дополнително, неопходно е и подигањето на свеста кај родителите при уписот на деца во основно образование за предизвиците со кои се соочуваат децата со попреченост и нивните семејства и на кој начин можеме со мали гестови да помогнеме сите лица да се чувствуваат вклучени во општеството“, додава  Атанасова.

Борјан Јовановски

Аларм Душан Томшиќ Ерато Кардула Зоран Кардула Маја Атанасова општеството Случај “Ембла”
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.