Случај “Тенковски делови”:Пресуда за Бучковски и Стамболиски
Кривичниот суд денеска се очекува да ја објави пресудата во случајот „Тенковски делови“ во кој се обвинети петмина, меѓу кои екс- министерот за одбрана Владо Бучковски и поранешниот началник на ГШ Методи Стамболиски.
Ова е втора пресуда за случајот резервни тенковски делови, откако 2008 година Бучковски и Стамболиски беа осудени на три и пол години затвор, а останатите тројца обвинети Нелко Менкиновски и Ацо Ѓурчески од МО и Митре Петковски , директорот на МЗТ ФОП, добија по 3 години.
Обвинението беше злоупотреба на службената положба- дека со набавките на резервни делови за армиските тенкови Т -55 повеќе од потребните количини, го оштетиле буџетот за над 2 милиони евра.
Оваа пресуда беше укината во 2009 од скопска Апелација а образложението беше суштински пропусти и го врати предметот на повторно судење во Основниот суд но не како претходниот случај, во Одделот за организиран криминал.