Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај Висарис: Министерството со налог до болниците-опрема стриктно од тендерот

0
By Менче Атанасова Точи on January 14, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вработените во Министерството за здравство се зачудени и збунети од информацијата за милионскиот тендер кој оваа институција го склучила со фирмата Висарис во сопственост
на мајката на уредничката во Сител, Ивона Талевска тврдат извори за НОВА од ова Министерство.

Никој, ниту во секторот за финансии не знаел за тендерот бидејќи плаќањето не било извршено преку Министерството, туку станува збор за централизирана набавка. Ова значи дека Министерството ја одбрало на тендер фирмата Висарис МКД како добавувач и на болниците им наложило од каде да ги купуваат медицинските материјали кои пак, самите си ги плаќаат.

Ваков вид на централизирани набавки воведе токму министерот Тодоров во септември 2012 година, а како што рече тогаш тоа го прави поради системски пропусти, но и воден од желбата за поголема контрола на здравствените установи бидејќи имало многу злоупотреби и неправилности.

Извори за НОВА од Клиниката за радиологија за каде била намената дигиталната опрема велат дека раководството е збунето и исплашено од скандалот со тендерот за нивната Клиника. НОВА го контактираше економскиот директор Гоце Велјановски на кој очигледно не му беше сеедно да зборува за случајот.

-Ништо не знам за ова. Ние не сме склучиле договор со никого, Министерството за здравство распишало тендер и направиле окрупнување на набавката, за опремата за да се подели во повеќе болници изјави за НОВА, Велјаноски.

НОВА побара објаснување и во болницата „8 Септември“ дали тие користат од новата дигитална опрема од големиот тендер на Министерството за здравство, бидејќи на Радилогија ваква технологија се користи минимално само за одредени дијагностички процедури.

-На нас ни се јавија од Министерството за здравство за да ни понудат од опремата за одделот за радиологија но, ние ги одбивме бидејќи веќе имаме нови дигитализирани апарати, изјави Сашо Стојчев директор на Болницата „8 Септември“.

Не е познато за кои болници била набавувана дигиталната рентген опрема со режачи за ЦД и ДВД, кога се знае дека сите болници функционираат со обични рентген снимки, на кои всушност инсистираат и хирурзите бидејќи како што велат во интерес на времето е веднаш да ја погледнат снимката, отколку да бараат компјутер каде што треба да гледаат на ЦД или ДВД.

НОВА побара одговор и од Министерството за здравство, за кои се здравствени установи била набавена дигитализираната опрема од тендерот и колку од нив ја користат оваа софистицирана дијагностика, набавена со тендер тежок повеќе од еден милон евра, но од таму не добивме никаков одговор.

Минатиот петок опозициската СДСМ излезе на прес конференција каде што обелоденија дека фирмата во која сопственици се мајката на Талевска и српски бизнисмен добила зделка вредна 40 илјади евра со Клиниката за радиологија. Ден потоа скандалот доби продолжение – СДСМ обелодени дека пред Нова година Висарис МКД добила тендер од Министерството за здравство од нешто повеќе од еден милион евра за набавка на рендген и дигитални апарати.

Министерот за здравсто Никола Тодоров се правда дека во времето кога бил склучен договорот фирмата била во сопственост само на едно лице, извесен Марко Перковиќ од Белград, Србија. Но, историјата на фирмата покажува дека најпрво сопственици во фирмата биле лично Ивона Талевеска и Перковиќ, за по извесно време Талевска да излезе од фирмата и да му ги отстапи акциите, а потоа по добивањето на тендерот во фирмата како сопственик се вклучува нејзината мајка Лимба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: „Марш на ангелите“ – шест месеци без правда за Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Вечерва во Скопје на плоштадот Македонија, по повод шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“…

Рама: За 11 месеци Албанија отвори 28 поглавја со ЕУ

September 16, 2025

Кочани: Шест месеци болка и тага – државата да престане да се крие зад сопствениците на објектот „Дискотека импровизција“

September 16, 2025

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

September 16, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИОМ: Најмалку 50 мртви кога брод со судански бегалци се запали крај либискиот брег

September 16, 2025

САД ги укинаа визите за Унгарците

September 16, 2025

ЕУ до Израел: Прекинете ја офанзивата во Газа

September 16, 2025

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.