НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случај Висарис: Министерството со налог до болниците за набавка на опрема

0
By Менче Атанасова Точи on January 14, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерството ја одбрало на тендер фирмата Висарис МКД, по што им наложиле на болниците од каде да ги купуваат дигиталните апарати кои пак, самите си ги плаќаат. Ваков вид централизирани набавки воведе токму министерот Тодоров со образложение дека сака да има контрола на набавките бидејќи имало многу злоупотреби од болниците

Вработените во Министерството за здравство се зачудени и збунети од информацијата за милионскиот тендер кој оваа институција го склучила со фирмата Висарис во сопственост
на мајката на уредничката во Сител, Ивона Талевска тврдат извори за НОВА од ова Министерство.

Никој, ниту во секторот за финансии не знаел за тендерот бидејќи плаќањето не било извршено преку Министерството, туку станува збор за централизирана набавка. Ова значи дека Министерството ја одбрало на тендер фирмата Висарис МКД како добавувач и на болниците им наложило од каде да ги купуваат медицинските материјали кои пак, самите си ги плаќаат.

Ваков вид на централизирани набавки воведе токму министерот Тодоров во септември 2012 година, а како што рече тогаш тоа го прави поради системски пропусти, но и воден од желбата за поголема контрола на здравствените установи бидејќи имало многу злоупотреби и неправилности.

Извори за НОВА од Клиниката за радиологија за каде била намената дигиталната опрема велат дека раководството е збунето и исплашено од скандалот со тендерот за нивната Клиника. НОВА го контактираше економскиот директор Гоце Велјановски на кој очигледно не му беше сеедно да зборува за случајот.

-Ништо не знам за ова. Ние не сме склучиле договор со никого, Министерството за здравство распишало тендер и направиле окрупнување на набавката, за опремата за да се подели во повеќе болници изјави за НОВА, Велјаноски.

НОВА побара објаснување и во болницата „8 Септември“ дали тие користат од новата дигитална опрема од големиот тендер на Министерството за здравство, бидејќи на Радилогија ваква технологија се користи минимално само за одредени дијагностички процедури.

-На нас ни се јавија од Министерството за здравство за да ни понудат од опремата за одделот за радиологија но, ние ги одбивме бидејќи веќе имаме нови дигитализирани апарати, изјави Сашо Стојчев директор на Болницата „8 Септември“.

Не е познато за кои болници била набавувана дигиталната рентген опрема со режачи за ЦД и ДВД, кога се знае дека сите болници функционираат со обични рентген снимки, на кои всушност инсистираат и хирурзите бидејќи како што велат во интерес на времето е веднаш да ја погледнат снимката, отколку да бараат компјутер каде што треба да гледаат на ЦД или ДВД.

НОВА побара одговор и од Министерството за здравство, за кои се здравствени установи била набавена дигитализираната опрема од тендерот и колку од нив ја користат оваа софистицирана дијагностика, набавена со тендер тежок повеќе од еден милон евра, но од таму не добивме никаков одговор.

Минатиот петок опозициската СДСМ излезе на прес конференција каде што обелоденија дека фирмата во која сопственици се мајката на Талевска и српски бизнисмен добила зделка вредна 40 илјади евра со Клиниката за радиологија. Ден потоа скандалот доби продолжение – СДСМ обелодени дека пред Нова година Висарис МКД добила тендер од Министерството за здравство од нешто повеќе од еден милион евра за набавка на рендген и дигитални апарати.

Министерот за здравсто Никола Тодоров демантираше пристрасност и поврзаност со Талевска, со образложение дека во времето кога бил склучен договорот фирмата била во сопственост само на едно лице, извесен Марко Перковиќ од Белград, Србија. Но, историјата на фирмата покажува дека најпрво сопственици во фирмата биле лично Ивона Талевеска и Перковиќ, за по извесно време Талевска да излезе од фирмата и да му ги отстапи акциите, а потоа по добивањето на тендерот во фирмата како сопственик се вклучува нејзината мајка Лимба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.