Аферата „фризерница“ и распределбата на европските пари од програмата „Еразмус“ стигна до Брисел. Европската Комисија отвори истрага и ќе испитува дали преку Националната агенција со која раководи Лидија Димова се злоупотребени пари за образование.
– Сите наводи за злоупотреба се разгледуваат и онаму каде што станува збор за ЕУ фондови, секое нерегуларно трошење ќе биде идентификувано и ќе се врати назад, изјави Сузан Конзе, портпаролка на ЕК за образование.
Случајот оди под лупа и во Финансиската полиција, кое за предистрагата пуштиле известување во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Ќе ги анализираат сите документи од добиените грантови. Директорката на Агенцијата се правда- се е чисто и оставка нема да даде. Парите не се за фризерницата, туку за ВЕЗ Трејд, исто така сопственост на Зоран Златковски кој доби 270 илјади евра.