НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случајот на Тортевски и судиите кои му шепнале

0
By Биљана Секуловска on February 20, 2016 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Да се има интегритет, да се биде слободен, зарем не е тоа најтешката работа на светот? Јасно е дека секогаш мнозинството луѓе ќе го одбираат полесниот пат, лагодниот, конформизмот, леснотијата на живеење, на постоење. Секогаш ќе го ставаат на прво место сопствениот мир, тоа за нив не претставува немир, тие не знаат за внатрешна борба, за мало испуштање на крик, тие не разбираат дека така се менува светот, дека никој не може подобро да го направи од нив, дека тие се најважната алка, во нив е клучот.

Мнозинството ја одбира малата фиока во која доброволно се согласиле сами да се заклучат, да го поминат остатокот од животот како да не биле, а како да им се соопшти а да не се навредат, но не биле, како да им се каже со рамнодушно кревање на рамениците дека изгледа дека не се потребни на овој грд и зол свет, а не се, нека ја слушнат вистината, не се воопшто.

Во таа фиока ќе ги најдете и оние судии кои низ годините не разбраа што е интегритет, срам, морал, чесност, чест и принципи. Погледнете ги нивните последни изјави и сега вие засрамете се сега што сте принудени да ве заболи црнилото од овие букви на кои сведочите, кои ги читате и кои ја пишуваат грдата историја на оваа земја:

“Колегите ме замолија да пренесам порака до јавноста дека се срамат со тоа што сега се случува во судот и дека не сакаат да бидат идентификувани со тоа што се случува” изјави адвокатот Александар Тортевски при гостувањето на Алсат ТВ коментирајќи ги одлуките на Кривичниот суд да ги отфрли барањата на СЈО за изрекување на мерка притвор.

Не, овие судии не смеат да изустат ниту збор, да излезат од дупката во која сами се вкопале, тоа се бојни ровови, каде ја закопале главата и го покажуваат само задниот дел од телото, сакаат да му покажат на светот дека постојат, дека знаат каде е злото, дека немаат сила да се борат со него, но дека се помириле, дека му служат на истото тоа зло, на крвавите раце, дека можат да ги замачкаат и да мислат дека ги измиле.

И сега му шепнале на Тортевски, којзнае како, можеби и само со мимика, му дале некаков ишарет, му промрмориле нешто, на истиот тој Тортевски, за кој веројатно мислат дека нема деца, семејство, нема љубов, нема бизнис кој треба да го штити, нема земја и татковина, нема народ кој го љуби, нема никој и ништо, затоа смее и може да го крева гласот и да вика, да урла, да трешти.

Залегнати во фотељите, ушушкани во топлината и спокојот, го пренесуваат мирот и сакаат да го протолкуваме сите како немир, го величаат тој немир и сакаат да веруваме дека се длабоко вознемирени, несреќни и засрамени и заради тоа сите ние треба да сме трогнати и охрабрени дека не сме сами. А сами сме сите овие години.

Тие го знаат вистинскиот пат, сакааат да ни кажат, но бараат од нас да одиме сами по тој наш, а велат дека е заеднички патоказ, затоа што не смееме и не знаеме поинаку, а тие, тие можат да ни мафтаат, да не бодрат, да не гледаат немо и пак да се вратат од онаму каде што дошле. Од празниот простор каде што нема ништо и таму тие се се она што не е потребно на една земја, на еден народ, но, што ако, си велат, кога ионака ќе преживееме. Ех, да се преживее е лесно, но да се живее а да се знае дека се е мало умирање ако се скршне, ако се премолчи, ако се замолчи, тоа е најтешко.

И сега, наспроти овие судии за кои Тортевски говори, во надеж дека ги охрабрува, нив, себе, сите нас, наспроти сето ова, стојат трите обвинителки. Катица Јанева, Ленче Ристовска и Фатиме Фетаи, читајте ги по кој редослед сакате, ним тоа не им е важно, затоа што тоа се жени кои и го даваат најдоброто на оваа земја. Се даваат себеси, даваат се што е вредно и големо на овој мал, кроток, уплашен, скршен народ и сакаат само едно- да почне тој народ да живее, да престане да мисли дека е доволно да се преживее, да му покажат како изгледа да си слободен, да се изборат за неговата слобода, чесност и правдина. Тоа е се што сакаат и за што живеат и за што се подготвени, во буквална смисла, да го дадат сопствениот живот.

Секоја земја низ историјата е создадена и можела да преживее само ако се појавил некој херој, човек кој е роден и живее за таа земја и до последниот здив за целиот народ, но ако тој замолчи, ако го снема, земјата исчезнува како никогаш да не била. Така ќе изгледаше Македонија без овие три жени. Така ќе изгледа од сега па понатаму нашата земја без нив.

Да ги нема, пустошот кој пред нив го имавме, ќе се врати, оној мир и спокојство, за кој сонуваат и кој така го толкуваат тој пустош судиите за кои говореше Тортевски и од кои беше фасциниран дел од јавноста, затоа што му пренеле порака да пренесе порака, каква лакрдија. Да се остане во историјата, тоа е се што им остана на италијанските обвинители
Џовани Фалконе и Паоло Борселино, тие се најдоброто што и остана на нивната земја.

Се сеќавате што скандираа студентите за време на протестите? Нема правда- нема мир, слоган кој некој мора да им го соопшти и на судиите кои ја подотворија фиоката и се разџавкаа како да станува збор за херои, а не за луѓето за кои говори Едмунд Бурк: “Единственото неопходно нешто за злото да триумфира е добрите луѓе да не прават ништо”.

Фото: Џовани Фалконе и Паоло Борселино

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

ВЕСТИ August 14, 2025

Најжешко е во центарот на српскиот главен град. Илјадници демонстрант предводени од движењето „Студентски отпор“…

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

August 13, 2025

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.