НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Случајот Телеком привремено се сели во Лондон

0
By Нова ТВ on October 17, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претставници на американската Комисија за хартии од вредност (СЕЦ) меѓу 5 и 7 ноември во Лондон ќе се соочат со тројцата директори на Маѓар Телеком, обвинети дека корумпирале високи функционери во претходната македонска Влада.

Како што пренесува МИА, судијата Ричард Саливан, од Јужниот окружен суд во Њујорк, пред неколку дена донел одлука дека тројцата обвинети, Елек Штрауб, Тамас Морваи и Андраш Балог, ќе мора да се соочат со претставниците на обвинителите од СЕЦ и да дадат исказ. На соочувањето кое ќе се организира во Лондон, нема да присуствува претставник на судот, но исказите ќе може да се употребат во текот на судењето. Адвокатите од Вашингтон и Њујорк, кои ги бранат тројцата обвинети унгарски директори, изјавиле дека тие ќе се бранат со молчење, на што имаат право според американскиот Устав.

– Обвинетите велат дека ќе се повикаат на своето право да се бранат со молчење во сите, освен во најпрвичните прашања. Комисијата за хартии од вредност планира да го предизвика ова нивно право, изјавиле претставниците на СЕЦ, кои веќе со години го водат случајот против Маѓар Телеком.

Судијата Саливан постави рок до крајот на јануари 2015 година за завршување на процесот, поради што се очекува дека ова сослушување нема да биде последно. По сослушувањето, почнува фазата на изнесување на доказите пред судот. Во СЕЦ и во Јавното обвинителство на САД одбиваат да зборуваат за овој случај и да изнесат повеќе детали за карактерот на доказите кои ги поседуваат за да го докажат потплатувањето на македонската Влада во 2005 година, а засега и обвинетите Штрауб, Морваи и Балог се бранат со молчење.

Адвокатите на тројцата обвинети побарале соочувањето да се организира во Будимпешта, за нивните клиенти да се поштедат од долгиот пат до Њујорк или Лондон. Адвокатите наведуваат голем број лични причини на тројцата обвинети зошто не можат да дојдат во Њујорк.

– Патувањето од Будимпешта до Њујорк подразбира најмалку 15 часа летање во една насока, потреба за прилагодување на нова временска зона и време за состаноци со претставниците. Г-дин Штрауб има 68 години и е пензиониран неколку години и за него би било голем товар да се одвои од семејството и обврските и да патува до САД само за да се изјасни дека нема да сведочи во овој момент. Г-дин Морваи има деловни обврски, а неодамна му се роди син, при што е обврзан да се грижи за детето во текот на ноќта. Отсуство од една недела би било голем товар за него, пишува во барањето на адвокатите Роберт Булер, Вилијам Саливан и Мајкл Кониг, кои ги застапуваат тројцата обвинети Унгарци. Андраш Балог се повикал на обврски во комуналната компанија во која сега работи, како и на смртен случај во семејството на сопругата, како оправдување зошто не може да патува до Њујорк.

Тројцата менаџери на Маѓар Телеком, компанијата – ќерка на германскиот Дојче Телеком, која ги купи Македонски Телекомуникации, се обвинети дека во 2005 година исплатиле мито на високи претставници на македонската Влада, на водечки претставник на владејачката партија СДСМ, како и на главниот албански коалициски партнер ДУИ, со цел да спречат спроведување на законската обврска на Владата да дозволи влез на нови телекомуникациски оператори во земјата, кои како конкуренција на доминантните Македонски Телекомуникации би можеле да преземат дел од пазарот и да ги соборат цените за корисниците.

Ова е втор процес кој СЕЦ го води во Њујорк против Маѓар Телеком и Дојче Телеком – во првиот процес унгарската и германската компанија се согласија да платат 95 милиони долари.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.