Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Смит: Македонија назадува во поглед на медиумската ситуација

0
By Нова ТВ on August 6, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Наместо да видиме подобрување во време кога земјата се обидува да се приклучи на ЕУ, гледаме назадување“, вели Мајлс Смит, помошник-главен уредник на извештајот на ИРЕКС, во интервју за Гласот на Америка на македонски, осврнувајќи се на медиумската ситуација во Македонија.

Непрофитната организација ИРЕКС неодамна го издаде својот редовен годишен извештај – Индекс за одржливоста на медиумите во светот.

Според извештајот, Македонија е со оценка 1,54. По ова мерило, земјата спаѓа во втората категорија – земји со неодржлив, мешан медиумски систем.

Првата категорија е за земјите со нестабилни и неслободни медиуми, третата за оние со речиси одржливи, а четвртата за оние со одржливи. Извештајот се базира на тоа како новинарите опфатени со него гледаат на професијата.

„Резултатот за Македонија беше низок и тоа ни покажува песимизам меѓу македонските новинари за состојбата со слободата на медиумите, квалитетот на професијата, квалитетот на продуктот и за бизнис-состојбата во секторот“, наведува Смит.

Според него, словото на законот во Македонија гарантира слобода на изразување, но „кога сме кај спроведувањето на законот, често тој се користи да ги казни оние кои ќе ја пречекорат линијата на некој авторитет, политичар или бизнис- лидер“.

Во извештајот најниските оценки се во категориите професионално новинарство и менаџмент на медиумите.

Според мислењата на Смит, ниту една политичка фракција во Македонија значително не ја поддржува слободата на медумите, и, кога ја има власта, ја користи да ја замолкне критиката преку суптилна злоупотреба на законот.

„Загрижувачки е што имаме две фракции кои не се заинтересирани за вистински слободни медиуми. Тоа остава впечаток дека само новинарите и мала група од граѓанскиот сетор навистина се залагаат за слободата на говорот“, вели Мајлс Смит од ИРЕКС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.