Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Смртоносниот вирус МЕРС, опасност за аџиите

0
By Менче Атанасова Точи on June 12, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонските граѓани кои ќе патуваат на аџилак се изложуваат на ризик од смртоносниот вирус МЕРС кој владее во земјите од Блискиот Исток, порачуваат здравствените власти. Опасноста е поголема бидејќи не постои вакцина за овој вирус, а наскоро илјадници граѓани по празникот Рамазан Бајрам ќе заминат на аџилак во Саудиска Арабија.

-Не постои вакцина против вирусот МЕРС, граѓаните што патуваат во овие земји добиваат само вакцина против менингитис и задолжителна заштита против маларија. На луѓето кои патуваат таму им даваме препораки како да се заштитат, изјави за НОВА Лилјана Лазаревска раководител на одделот за епидемиологија во Центарот за јавно здравје во Скопје.

Лазаревска потенцира дека патниците кои се враќаат од овие земји задолжително подлежат на здравствени анализи, а досега немало ниту еден сомнителен случај. Сепак, со масовното патување на аџилак опасноста се зголемува. Македонските здравствени власти затоа предупредија на особена внимателност , а тоа значи граѓаните кои одат таму да не контактираат со лица кои покажуваат симптоми на грип, како што се висока температура, треска, кашлање и тешкотии при дишењето, бидејќи тие се карактеристични и за вирусот МЕРС. Највнимателни треба да бидат хронично болните.

„Особено оние со дијабетес и со тешки заболувања на белите дробови. Постари лица да не одат на аџилак, бидејќи доколку заболат потешко поминуваат за разлика од помладите. Хронично болните треба да се консултираат со матичен лекар, пред да одлучат дали ќе одат на аџилак или не“, изјави д-р Јованка Костовска од Министерството за здравство.  

Нема опасност од ширење на вирусот во соседството бидејќи болеста беше откриена кај едно лице пред неколку недели.

„Станува збор за изолиран случај. Се работи за граѓанин кој бил на патување во Саудиска Арабија. Заболел таму, а не во Грција, но вирусот му го откриле кога се вратил“, потенцира д-р Костовска.

 МЕРС е вирус со висок процент на смртност. Од 683 заразени лица, 204 починале. Најголемиот број, односно вкупно 600 од случаите се регистрирани во Саудиска Арабија. Во Европа пак, покрај во Грција, заболени има и во Германија, Италија, Холандија и во Англија. Сите заболени лица имале директна или индиректна врска со Блискиот Исток.

Оние кои во овој период планираат да патуваат таму, треба да избегнуваат контакт со камили, да не конзумираат месо што не е термички обработено, да купуваат безбедна вода за пиење и да одржуваат лична хигиена. Начините на пренесување на вирусот се`уште се анализираат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

ВЕСТИ November 6, 2025

Новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска го прими уверението и најави дека од вечерва…

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.