Жена од Доброште е приведена во полициска станица поради напад врз нејзината свекрва, информираат од СВР Тетово.
– Околу 23 часот и 20 минути во тетовско Доброште службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 31-годишната жена од ова село, која во семејниот дом , дваесетина минути пред тоа, физички ја нападнала нејзината 65-годишна свекрва и ја оштетила покуќнината, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Жената е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе следува соодветен поднесок.