Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Снабдувањето со природен гас во фокусот на разговорите на македонско-бугарската работна група

0
By Biljana on March 25, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонско-бугарската Работна група за инфраструктура, транспорт и енергетика помеѓу Северна Македонија и Бугарија денеска одржа состанок во Скопје.

На состанокот било договорено „Булгартранс гас“ да разговара за обезбедување дополнителни количини природен гас, но и да се разгледа можноста за резервирање капацитети за Северна Македонија во складиштата кои се на територијата на Бугарија.

Како што соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, на 6-ти или 7 април треба да се одржи состанок меѓу националните енергетски компании од двете земји за да се утврдат деталите и да се забрза процесот.

Неговиот бугарски колега, министерот за енергетика Александар Николов не откри дали Бугарија ќе го продолжи договорот за набавка на природен гас со „Гаспром“ кој истекува на крајот на годинава, а од кој зависи и снабдувањето на природен гас во земјава, но гарантира дека Северна Македонија сепак ќе биде снабдена со овој енергенс. Пораката на Николов е дека мора да се размислува за алтернативни начини кои ќе овозможат снабдување со природен гас, за да се минимизира зависноста од Русија.

Како долгорочно решение за набавка на гас во земјава, било разговарано и за продолжување на интерконекторот Петрич – Струмица до ТЕЦ Неготино преку ревидирање на посточеката студија.

Според Бектеши, уште едно долгорочно решение е и нашето учество во терминалот во Александропулос.

„Со менаџментите на енергетските компании од двете страни ги разгледавме можностите за забрзување на проектите имајќи ја предвид енергетската криза. Разговаравме за реализација на Меморандумот за поврзување на пазарите на Северна Македонија и Бугарија. При крај е постапката за воспоставување организиран пазар и компанија која тоа ќе го направи во земјава. До крајот на годината постапката треба да заврши, а во почетокот на годината кога ќе имаме организација на домашен пазар, ќе се поврземе со Бугарија, а тоа ќе го прошириме преку различни инвестиции, како што е интерконекторот со Бугарија и со другите соседи“, рече Бектеши.

Многу е важно, додаде, да се поттикне и соработката во делот на Коридорот 8, не само во патната и железничката инфраструтура, туку и во енергетскиот сектор.

„За интерконекторот Петрич – Струмица се договоривме да се ревидира студијата зашто претходната предвидела да имаме до Штип маркет тест, но тоа ќе го направиме до ТЕЦ Неготино зашто преку ЕСМ се преземени соодветни мерки за да имаме дополнителен капацитет за производство на електрична енергија од природен гас. Тој интерконектор во иднина би можел да биде снабдувач на тој капацитет кој најверојатно ќе биде голем“, рече Бектеши.

(Извор: МИА)

Енергенси македонско-бугарска работна група природен гас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.