Снегот што изминатите денови паѓаше на повисоките места во западна Македонија формира снежна покривка на планината Попова Шапка.На социјалните мрежи се објавуваат слики на кои што се гледа дека на Попова Шапка веќе е зима.
Студено време со врнежи од дожд и снег на планините ќе преовладува претпладне во Македонија, а во попладневните часови се очекува врнежите да престанат, прогнозираат метеоролозите.
Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец, претежно во источните делови од државата.
Утринската температура ќе се движи од еден до четири, а дневната од три до десет степени. Воздушниот притисок значително ќе расте за 10 до 12 мерни единици.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб дожд претпладне, а во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до два степена, а дневната ќе достигне до седум степени.
Според Управата за хидрометеролошки работи, од недела се очекува стабилизирање, односно суво време со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат под нулата.
Студениот бран со врнежи од дожд и снег на планините ја зафати државата од четвртокот.