Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Снемува интернет, хаос со рецепти и упати- пациентите гневни

0
By Менче Атанасова Точи on August 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Лекарите да пополнуваат хартиени обрасци кога ќе снема интернет или струја во ординацијата. Во нив матичните лекари рачно треба да ги закажуваат пациентите, а потоа задолжително да се јават на специјалниот телефон во Министерството за здравство од каде прегледите ќе бидат внесени во компјутерскиот систем.

Истото важи и за специјалистите кои не смеат да вратат ниту еден пациент но, треба рачно да ги евидентираат. Дури потоа кога ќе се отстрани дефектот податоците треба да ги внесат во системот велат во Проектната единица во Министерството за здравство, една недела по стартот на електронското упатување и електронсите рецепти.

Но, иако протоколите и упатсвата им биле дадени претходно, пракасата покажува нешто друго. НОВА беше во една специјалистичка ординација точно во моментот кога снема интернет, по што настана хаос.

Сите закажани термини се поместија за два часа, а пред ординацијата пациентите беа гневни. Рецепти не беше невозможно да се пишуваат, па на луѓето после неколку часа лекарот им се јавуваше телефонски да дојдат повторно во ординацијата, за да ги внесат податоците.

И во повеќето ординации на матичните лекари можат да се забележат редици пред шалтерите бидејќи медицинските сестри не се снаоѓаат најдобро при електронското упатување и внесување на рецептите. Тоа создава дополнителна тензија и проблеми.

-Забележана е и појава кога пациентите не го почитуваат закажаниот термин, па иако не се итни случаи се јавуваат на преглед уште веднаш, не го чекаат терминот. Сеуште има и грешки и нејаснотии во врска со генеричките имиња на лековите, по што електронскиот рецепт неможе да се реализира. Матичните лакари од незнаење ги бараат лековите по состав и по редослед и компјутерот не им го креира рецептот изјави Милан Аризанкоски проект менаџер во Националниот сервис „Мој термин“.

Од таму потенцираат дека лекарите веќе се вклопуваат и се повеќе го користат овој систем, а со тоа се зголемува боројот на електронски рецепти и упати. Само во јули биле издадени над 1 милион електронски рецепти, а во привите шест дена од август 302 126 вакви рецепти. Најмногу рецепти биле препишувани на хроничните болни, дури 91 процент.

Најмногу е-рецепти им биле препишувани на старите луѓе на возраст од 60 до 80 години, на нив отпаѓаат 54 проценти од вкупниот број на издадени рецепти. Како и вообичаено ова е популацијата која најмногу оди на лекар.

Според податоците на проекетната единица најголемите пикови за издавање на рецепти се во првите 10 дена од месецот, а најмногу рецепти се препишувале во понеделниците од 9 до 10 и 30 часот,кога е забележан и рекорд од дури 400 рецепти во минута.

Податоците говорат дека 51 процент од пациентите кои добиле електронски упати уште истиот ден биле прегледани, 25 проценти чекале еден ден, а 20 проценти морале да чекаат седум дена за да бидат прегледани. Не беа споменати пациентите кои на скопските клиники чекаат со недели или месеци за преглед или снимање.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.