Ладниот бран кој за зафати Црна Гора предизвика проблеми во сообраќајот посебно во северниот дел од земјата каде што се затворени патиштата, а забрането е движењето на товарните возила.
Силните снежни врнежи и орканските ветрови ја симнаа температурата под нулата, па на Жабљак се измерени минус девет степени.
Поради снежните врнежи, сообраќајот во Србија утрово се одвива успорено и отежнато, соопштува тамошниот Авто-мото сојуз. Улиците низ Белград се чистата од снег и сообраќајот се одвива со мали застои.
Ситниот, но густ снег кој на истокот во Славонија почна да паѓа синоќа направи снежна покривка од пет до шест сантиметри. Во Далмација, особено во Сплит, орканската бура рушеше стебла и предизвика материјална штета.