Поранешниот соработник ана американската Агенција за национална безбедност НСА Едвард Сноуден ги употребил корисничките имиња и лозинките коишто ненамерно му ги отстапиле неговите колеги од шпионската база на Хаваи, за да може да добие пристап до тајните документи коишто ги дистрибуираше подоцна во медиумите.
Неколкумина од вработените во НСА коишто своите кориснички имиња и лозинки му ги отстапиле на Едвард Сноуден се веќе познати и се испитувани, па се отстранети од досегашните позиции, изјавил извор близок на истрагата на американската влада.
Сноуден, убедил 20-25 свои колеги од НСА на Хаваи да му ги отстапат своите кориснички имиња и лозинки, велејќи дека му се потребни за функцијата на компјутерски систем администратор, додал изворот.
Ова е последното во низата сознанија коишто говорат во прилог на тврдењата за неадекватните безбедносни мерки во самата НСА , а тие, според изворот, без сомнение одиграле значајна улога во едно од најтешките упади во доверливите документи на агенцијата.