Едвард Џ. Сноуден, поранешниот вработен во американската национална безбедност обвинет за шпионажа, не ја напушти Москва како што се очекуваше за да замине на лет во Хавана, со што се отвори простор за прашања за тоа какви, доколку ги има, алтернативни планови за патување тој може да има направено, пишува Њујорк Тајмс.
Исто така се покрена можноста дека руската влада го има лишено од слобода, или пак опцијата да се разгледаат барањата од страна на администрацијата на Обама да се интервенира и да го вратат во САД или можеби да го сослушаат за сопствени цели на Русија.
Г-дин Сноуден не е виден јавно, ниту пак е фотографиран откако е пријавено неговото пристигнување во Москва во неделата попладне од Хонг Конг а патниците на тој лет интервјуирани на аеродромот не можеа да потврдат дека тој бил во авионот.