Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со 63 гласа „за“ и 35 „против“: Собранието ги избра 16-те заменици-министри во Владата

0
By Sashko on February 10, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со 63 гласа „за“, 35 „против“ и без воздржани, Собранието вечерва ги избра 16. заменици-министри во Владата, предложени од премиерот Димитар Ковачевски.

За заменик-министер за одбрана е избран Башким Хасани, за заменик-министер за внатрешни работи, Назим Буши, за правда Агим Нухиу, а за надворешни работи, Фатмире Исаки.

Во Министерството за финансии за заменик-министер е изгласан Филип Николоски, во Министерството за економија, Зоран Маневски, а во Министерството за земјоделство, Абдулшуќур Абедини.

За заменик на министерот за здравство е изгласан Владимир Рендевски, во Министерството за образование и наука за заменик е избран Лулзим Алиу, додека во Министерството за труд и социјална политика, Енвер Хусејин.

За заменик-министер за локална самоуправа е избран Зоран Димитровски, за култура Даим Лучи, за информатичко општество Александар Бајдевски, за транспорт и врски, Беким Реџепи и за животна средина Христина Оџакиевска. Во Министерството за политички систем за заменик-министер е избран Џабир Доко.

Премиерот Ковачевски во завршното обраќање пред пратениците изјави дека најважно е да работат искрено, посветено, стручно и ефикасно.

Таква матрица, таква методологија, таква работна сфера, таква контрола и одговорност побарав и нема да отстапам за сите врвни владини позиции, како и за министрите така и за заменик-министрите. Како што најавив имаме план, со рокови, обврски, носители на задачи и начин за мерење на ефектите врз животот на граѓаните. Нашиот пристап е јасен, искрен и мерлив. Сите работи – минати, сегашни и идни јасно ги соопштувам на јавноста и зад нив стојам, бидејќи личниот образ, одговорноста и системот на вредности за мене се врвни критериуми и така барам да се однесуваат и останатите, додаде Ковачевски.

Опозицијата, пак, обвини дека е непрофесионален начинот на кој се предложени заменици-министрите, дел од нив немаат соодветно образование и познавање за назначената функција и оти голем дел од нив се од составот на претходната Влада, предводена од Зоран Заев. Тие повторно побараа предвремени парламентарни избори, поради лошото менаџирање со кризата предизвикана од пандемијата.

По изборот на заменик-министрите, претседателот на Собранието, Талат Џафери ја прекина работата по 62. седница, а продолжението, како што рече, дополнително ќе биде закажано.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.