Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со амин на Собранието невработените останаа без сини картони

0
By Менче Атанасова Точи on December 18, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Околу 107 000 граѓани во април годинава останаа без правото на здравствено осигурување бидејќи не поднеле изјава за остварени приходи во Фондот за здравствено осигурување.

Голем дел од нив биле шокирани кога дознале дека не се здравствено осигурани, туку за тоа дознале кога им била потребна лекарска помош. Иако одлуката за доставување на изјава за приходи беше прогласена за неуставна во декември 2012 година, овие луѓе го изгубија правото на лекување, немаат право на ортопедски помагала шест месеци, а во исто време се изложија на можноста за да им бидат поднесени кривични пријави поради давање на лажни изјави пред Фондот. Станува збор за луѓе со ниски примања во семејството, кои се невработени.

– Ние бараме измени на Законот за придонеси, за задолжително социјално осигурување да не се поднесува изјава за укинување на обврската за приходи согласно одлуката на Уставен суд од декември 2012 година, изјави Несиме Салиоска РОМА СОС од Прилеп, организација која цело време апелира до Министерството за финансии да ја почитува одлуката на Уставниот суд.

Иако Уставниот суд се изјаснил дека одредбата е неуставна, таа е повторно е вратена во Законот, со што Собранието на најгруб начин ја ескивира уставната обврска за здравствено осигурување за сите граѓани и наместо да биде промотор на уставноста, Собранието го крши Уставот, предупредува Рената Дескоска професор на Правниот факултет.

– За жал кога нема политичка волја, нема можност во институциите да се спроведува и почитува Уставот. Во ваква ситуација има две можности: Одредбата повторно да се стави пред Уставен суд или граѓаните кои го изгубиле правото за здравствено осигурување своето право да го бараат на суд. Но, имајќи ја во предвид партизираноста на институциите и долгата рака на извршната власт не сум многу оптимист за остварување на правото и во двата случаи, изјави Дескоска.

Освен што одлуката е неуставна, поднесувањето на ваков документ за невработените е дополнителен трошок велат во оваа невладината организација. За да достават изјава тие треба да имаат лична карта, со нов датум венчаница, извод за родени, фотографии.

Трошоците за едно четиричлено семејство за да извадат некои од овие документи се околу 1000 денари, а тие земаат 2000 денари социјална помош, што е голем трошок за нив потенцираат од РОМА СОС.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
ФОКУС

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

ВЕСТИ November 6, 2025

Во просториите на Град Скопје денеска се одржа примопредавање на функцијата градоначалник на Град Скопје,…

Орце Ѓорѓиевски: Скопје го менуваме од корен новиот градоначалник ја презеде должноста

November 6, 2025

„Сите за Палестина“ до Сиљановска: Осудетего геноцидот во Газа и признајте ја Палестина

November 6, 2025

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

November 5, 2025
ТИКЕР

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025

Политико: ЕУ ги заострува визите за Русите

November 6, 2025

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.