Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со азил Груевски е слободен човек, но само на унгарска територија

0
By Соња Петрушевска on November 20, 2018 ВЕСТИ
фото AFP
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Азилот што го доби екс премиерот Никола Груевски му дава право слободно да се движи само на унгарска територија, но не и надвор од неа – објаснува професорката за човекови права Мирјана Најчевска. Доколку ја напушти Унгарија, ќе биде активирана меѓународната потерница  и тој ќе биде уапсен како што беше екс премиерот на Хрватска Санадер, кога замина во Австрија.

„Тоа што му е даден азил, не го прави Груевски слободен човек. Сега во барањето за екстрадиција, Владата треба да ги оспори сите тие наводи затоа што му е даден азил од држава која има чудни разбирања за демократијата“ вели Мирјана Најчевска за НОВА.

За Најчевска добивањето на азил е „отворено изигрување на политичката и правната логика“.

„Доколку не се успее сега да биде екстрадиран, очекувам со приближувањето кон ЕУ, властите подиректно да притиснат Груевски да биде вратен и да ја издржи затворката казна“ вели Најчевска.

Поранешниот екс премиер Груевски во барањето за азил до унгарските власти навел дека животот му е во опасност и е жртва на политички прогон. Тој се повикува и на аболицијата на Иванов, писмото од Комисијата за дискриминација, но и дека СЈО работело под притисок.

Според пишувањата на унгарскиот весник „Маѓар идок“ кој  важи за близок до партијата на власт во Унгарија, Груевски прв пат  бил сослушан од Управата за азил во Будимпешта на 12 ноември, каде ги објаснил причините за барањето на азил, а втор  пат изјава дал два дена подоцна на 14 ноември.

Во решението за азил, унгарските власти потврдиле дека тој не смее да се врати во Србија и Црна Гора,  затоа што македонските власти имале  добри односи со овие две земји и ќе го испорачале назад.

Барањето за азил Груевски го поднел на 10 ноември во Унгарската Амбасада во Тирана, и во него напишал дека  „актуелната власт сака да го осуди без правни докази, злоупотребувајќи го Обвинителството и судскиот систем, а судиите донеле незаконска одлука“. Груевски се жали и од СЈО, кое против него покренало пет процеси. По 10 години власт  тој станал цел на многу криминалци кои се осудени во затвор. – тие чекаат да го убијат.

Груевски наведува и дека во случајот Тенк,  биле  ангажирани експерти за вештачење кои не биле овластени за тоа, а Судот под притисок на власта не ја прифатил аболицијата од Иванов, иако Врховниот суд во Грција донел одлука дека аболицијата се уште е на сила и одлучил да не ги екстрадира бегалците Грујоски и Бошкоски. Груевски го приложил и решението од  Комисијата за антидискриминација дека „судијката Добрила Кацарска го дискриминирала во случајот Тенк“.

Според унгарскиот весник , во барањето за азил Груевски напишал и дека добил понуда од блиски луѓе на премиерот  Заев, но тој ја одбил. „Кога се обидел да ја одложи казната, братот на премиерот Заев и главниот обвинител му рекле дека неговото барање ќе биде прифатено ако ги убеди пратениците од неговата партија да гласаат за уставните амандмани“ пишува весникот, циитирајќи делови од барањето за азил на Груевски.

Во текстот се потврдува целата рута на Груевски низ балканските земји пред да пристигне во Унгарија и се наведува дека тој легално, со лична карта патувал низ Албанија, Црна Гора и Србија.

Интересен момент е неговото запирање пред унгарската граница од страна на српските погранични служби. На преминот Хоргош, во пет часот наутро на 12 ноември, српските граничари од Груевски покрај лична карта побарале да покаже и друг патнички документ, со кој ќе може да влезе на територија на земја-членка на ЕУ. Груевски тогаш покажал документ кој му овозможи еднократно влегување во земјата, а кој му го издала унгарската амбасада во Тирана. Потоа му било дозволено да премине на унгарска територирија.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.